Турнири

ВИДЕО: Твинекс против Пилана Жарко во големото финале на меморијалниот турнир во Дебреште

Сподели
Сподели

Фантастично, борбено и неизвесно полуфинале на меморијалниот турнир „Алмир Ибеско – Алмо 2025“ во прилепското село Дебреште.

„Ексклозија“ и вистинска голеада понуди првиот меч, публиката проследи десет погодоци, но немаше победник – екипите на Твинекс и Центар Бела Црква ремизираа играјќи 5:5.

Ваквиот резултат значеше дека победникот ќе се бара во пенал рулетот, а каде екипата на Твинекс со 3:2 беше подобра и се чекираше во големото финале.

Вториот меч понуда два погоди, одново немаше победник во регуларниот дел и одново пенали беа тие кои пресудуваа. Фенербахче и Пилана Жарко ремизираа играјќи 1:1, а тоа понуди доста неизвесност за многубројната публика.

Екипата на Пилана Жарко со 1:2 беше подобра од ударите од белата точка, а тоа значи и финале.

Утре во 20:30 часот на програмата ќе биде натпреварот за трето место меѓу Фенербахче и Центар Бела Црква, додека пак од 21:30 часот стартува големото финале меѓу Твинекс и Пилана Жарко.

Спортска Мрежа и годинава е медиумски покровител на овој одлично организиран турнир кој веќе станува препознатлив низ цела Македонија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Познати судиите за европскиот предизвик на Проект против Грац

Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го започнува настапот во претквалификациите за Лигата на шампионите, со натпревар против домаќинот и шампион...

ФудбалФутсал

„Blue Box“ – арената во Грац во која македонскиот шампион Проект ќе ги игра мечевите од ЛШ

ГРАЦ, АВСТРИЈА – Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го започнува својот европски предизвик во претквалификациите за Лигата на шампионите, а...

Поврзани написи
Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

Турнири

БХС Груп Саждево го освои „Алмир Ибески Алмо 2026“ во Дебреште по пенал-драма со Пилана Жарко

Заврши Меморијалниот турнир „Алмир Ибески – Алмо 2026“, кој се одржа во...

Турнири

Познати финалистите на „Алмир Ибески – Алмо 2026“: Голема битка во Дебреште за трофејот!

Познати се финалистите на Меморијалниот турнир „Алмир Ибески – Алмо 2026“, кој...

Турнири

Познати полуфиналистите на „Алмир Ибески – Алмо 2026“ – четири екипи во битка за големото финале!

Меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески – Алмо 2026“, кој се...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!