Останато

Марко Алексовски без загубен сет на стартот на турнир во Барселона!

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски со убедлив старт го отвори настапот на турнирот во Шпанија за играчи до 14 години од категорија 1. На турнирот во Барселона, Алексовски во првото коло славеше со 2-0 во сетови (6-1, 6-0) против израелскиот претставник Бен Висел.

Во следната рунда, тој ќе се соочи со победникот од дуелот меѓу домашниот тенисер Алваро Мартин и Словакот Мартин Адамца.

За Алексовски ова е трет турнир по ред во рамки на неговата европска турнеја. Минатата недела тој го заврши настапот како полуфиналист на турнирот во Белгија, а по Барселона го очекува уште еден турнир од категорија 1 во Шпанија.

Алексовски е дел од тимот на ITF–Tennis Europe, проект поддржан и финансиран од Grand Slam Development Fund, чија цел е развој на млади талентирани тенисери.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Радовишанецот Минур Асанов ја засили Брегалница од Делчево

Некогашниот прволигаш Брегалница од Делчево за новата сезона во Трета лига регион 3 ќе биде посилна со радовишанецот Минур Асанов. 27-годишниот фудбалер од...

Младински фудбалФудбал

(ФОТО) Во чест на Андреј Лазаров: Во Кочани одржан првиот меморијален турнир, Осогово победник

Во Кочани на 8 септември се одржа првиот меморијален фудбалски турнир во чест на прерано починатиот Андреј Лазаров, кој трагично го загуби животот...

Поврзани написи
Останато

Владимир Павлов успешно го заврши IRONMAN 70.3 во Белград: 113 километри за 6 часа и 7 минути

Претседателот на Ротари клуб Кочани–Виница, Владимир Павлов, успешно го заврши големиот триатлонски...

Останато

(ФОТО) МОК ја продлабочува соработката со Светската е-спорт федерација: Е-спортот и олимпизмот се новата реалност

Македонскиот олимписки комитет оствари работна средба со висока делегација на Светската е-спорт...

Останато

Пораз за Лина Ѓорческа на стартот на ВТА 125 турнирот во Љубљана

Најуспешната македонска тенисерка Лина Ѓорческа доживеа пораз во првото коло на ВТА...

Останато

Сребро за Душица Бресалиева на Multi European games G1 2026

Македонската таеквондистка Душица Бресалиева освои сребрен медал на Multi European Games G1...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!