Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

„Спартанците“ тргнуваат кон Атина: Македонија го бара победничкиот пресврт против Грција во евро-квалификациите!

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија утринава отпатува за Атина, каде утре во 19 часот по македонско време ќе се соочи со Грција во еден од клучните натпревари во квалификациите за пласман на Европското првенство 2026.

„Спартанците“ под водство на селекторот Јошко Миленковски ќе се обидат да го изненадат ривалот, кој на првиот дуел во Скопје славеше со 3-1 во сетови. Македонија има три бода од два одиграни натпревари и ќе се бори за второто место во групата, кое носи пласман на Европското првенство.

Во моментов, македонската одбојкарска репрезентација е петта меѓу најдобрите второпласирани тимови и го држи последното место кое обезбедува директна виза за континенталниот собир.

Средбата со Грција е закажана за среда, а четири дена подоцна ја пречекуваме селекцијата на Грузија, која ја победивме со убедливи 3-0 на гостински терен.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде што Младост и Еурофарм Пелистер 2 ги поделија бодовите играјќи 30:30...

Втора лигаФудбал

Реми на Охрид и Брера, Работнички убедлив, реми во Радовиш и Кочани

Дербито на „Билјанини Извори“ од 7. коло на Втората лига меѓу Охрид и Брера Струмица заврши со без победник со четири постигнати погодоци...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Алиоски се враќа, со Дориев и Елмас против Швајцарија!

Македонија вечерва во Луцерн ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на нации,...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезетнација до 18 години со победа над Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 18 години забележа победа од 1:0 против...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!