Турнири

ВИДЕО: „Малеш Куп 2025“ со хуманитарна мисија – спортска опрема за загрозени семејства

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Турнирот во мал фудбал „Малеш Куп 2025“, кој традиционално се одржува во Берово, годинава доби и хуманитарна димензија. Благодарение на поддршката од искусниот фудбалер Бојан Најденов, како и од Бранко Чиплаковски, поранешниот фудбалер Бранислав Радински и Виктор Горгиевски, беше обезбедена спортска опрема која им беше доделена на социјално загрозени семејства.

Со оваа акција, уште еднаш се потврди дека „Малеш Куп“ е повеќе од фудбалски турнир – тој е настан со силна хумана порака.

Организаторите на турнирот на Најденов, Чиплаковски, Радински и Горгиевски им доделија благодарници за особен придонес.

„Малеш Куп“ започна во 2022 година, а годинава се одржа неговото четврто издание. Турнирот во мал фудбал прерасна во вистински спортски и забавен настан што го обединува целиот Исток на Македонија. Покрај возбудливите натпревари, секоја вечер е збогатена со музичка програма, вкусна храна, ладно пиво и одлична забава за сите посетители.


Годинава „Малеш Куп 2025“ го освои екипата на Еклектик.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Тиквеш размислува само на победа денеска

Екипата на Тиквеш од Кавадарци на домашен терен денеска во рамките на новото 23. коло од шампионатот, ќе го пречека тимот на Шкупи....

Прва лигаФудбал

Цуцули: Не очекува тежок натпревар против Шкендија, но мора да реагираме како тим

Екипата на Арсими  во рамки на 23. коло од Првата  Фудбалска лига ќе се соочи со Шкендија  во Тетово. Иако гостиварскиот тим е...

Поврзани написи
Турнири

ФОТО: Атлетико 2021 победник на традиционалниот турнир „Св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во организација на фудбалската школа Академија Младост Тошев, во спортската сала во...

Турнири

Во сабота 9. издание на турнирот во мал фудбал „св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во сабота ќе се одржи деветтото издание на турнирот во сала „св....

Турнири

ВИДЕО: Финалето меѓу Дим Метал и Пицерија Дивино од „Стојаково 2025“

Екипата на Дим Метал го подигна шампионскиот пехар на турнирот во мал...

Турнири

ВИДЕО: Тими Инвест го освои турнирот во Речица под водство на Назиф Исмаили – Мурињо

Екипата на Тими Инвест, предводена од харизматичниот тренер Назиф Исмаили, познат меѓу...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!