Турнири

Конзул Транс прокнижи уште една победа на „Подареш 2025“ во меч со десет гола!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Вечерва на турнирот во мал фудбал „Подареш 2025“ беше одигран еден од три натпревари, бидејќи двата беа регистрирани со службени резултати.

Првиот меч не се одигра, Алекс Сим мечот го добива со службени 0:5 против АС МК.

Во вториот меч екипата на Конзул Транс дојде до втора победа во групната фаза на „Подареш 2025“ откако со 6:4 го доби тимот на Гринс Ресторан.

Третиот меч исто така беше регистриран со службен резултат во полза на Оливер Промет од 5:0 откако екипата на Фенербахче од Струмица одново не допатува.

Со два последователни не одиграни натпревари, организаторот го дисквалификуваше од понатамошно натпреварување тимот на Фенербахче.

Утре, петок (8 август) ќе биде слободен ден на турнирот во „Подареш 2025“, а фудбалските возбудувања продолжуваат во сабота.

  • Распоред Сабота (9 август)
20:30
Бунарџик-Оливер Промет Подареш
21:30
Инсајд Стил – Подареш
22:30
Готен Јуниор- Ан СА Дизајн

Спортска Мрежа годинава по првпат е медиумски покровител на овој спортски настан.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Турнири

Во тек се пријавувањата за меѓуопштинскиот турнир во мал фудбал „Ресен 2026“

Интересот за учество на традиционалниот меѓуопштински турнир во мал фудбал „Ресен 2026“...

Турнири

Јанг Тим и Овче Поле го потврдија учеството на Охрид Куп 2026

На првото издание од Охрид Куп свое учество ќе земат и екипите...

Турнири

Отворени пријавувањата за меѓуопштинскиот турнир во мал фудбал „Ресен 2026“

Љубителите на малиот фудбал и ова лето ќе имаат можност да бидат...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!