Турнири

Фенербахче вечерва се „распука“ на турнирот во Дебреште со многу погодоци!

Сподели
Сподели

Вечерва на меморијалниот турнир „Алмир Ибески – Алмо 2025“ во прилепско Дебреште беа одиграни четири натпревари.

На првиот меч публиката проследи дури осум погодоци, со тотална доминација и висока победа над Фенербахче од 2:6 над Наим photography. Вториот меч екипата на Фенербахче го доби со 0:3 против екипата на Банана Кик.

Тимот на Фенербахче направи хет-трик со победите, откако и на третиот меч однесе убедлива победа од 6:2 над Бела Црква, со што Фенербахче испраќа сериозна порака дека конкурира за првото место. Во последниот меч Пилана Жарко мечот против Б.У. го доби со 0:3.

Спортска Мрежа и годинава е медиумски покровител на овој спортски настан.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Фудбал

Започна обуката за УЕФА А лиценца во Дојран: стручњаци и поранешни репрезентативци дел од програмата за тренери

Центарот за едукација на тренери при ФФМ во Дојран започна со обука на нова генерација кандидати за УЕФА А лиценца. Наставата се одвива...

Ракомет

Вардар добива квалитетно засилување: Французинот Фадуил пристигнува во Скопје

Ракометниот клуб Вардар продолжува со градење на тимот за следната сезона, откако го договори ангажманот на францускиот среден бек Матео Фадуил. 23-годишниот ракометар...

Поврзани написи
Турнири

Чукарички пристигнува во Македонија: белградскиот клуб дел од Интернационал Мастерс Куп 2026

Југоисточна Македонија во месец мај ќе биде во знакот на младинскиот фудбал,...

Турнири

Зошто „Охрид Куп 2026“ е вистинскиот избор за вашата екипа?

Во време кога младинскиот фудбал сè повеќе се сведува на резултати и...

Турнири

„Стоби Куп 2026“ – нов детски турнир што ветува фудбалска магија и идни таленти

Општина Градско во соработка со ГФК Неготино најавува организација на нов детски...

Турнири

(ВИДЕО) „Охрид Куп 2026“: Турнир каде секое дете е победник, медал за секој учесник!

Младинскиот фудбалски турнир „Охрид Куп 2026“, кој ќе се одржи од 18...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!