Турнири

ВИДЕО: Одлично отварање на „Подареш 2025“ – многу погодоци на првата вечер!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање
Сподели

Вечерва беше отворено второто издание на турнирот во мал фубдал „Подареш 2025“, а првата вечер понуди многу погодоци за комплетно уживање на публиката.

Само на првиот меч беа постигнат дури десет погодоци, а екипата на Конзул Транс од Радовиш со 6:4 го доби тимот на Подареш, искуството на Конзул Транс беше повеќе од клучно.

Вториот меч беше понеизвесен, а тимот на Атанасов Градба со 3:1 го доби составот на Оливер Промет, со што публиката покрај тоа што проследи добар фудбал со многу шанси, проследи и четири погодоци.

Третиот меч не се одигра бидејќи екипата на Фенербахче од Струмица не се појави на теренот, па така Атанасов Градба овој меч го добива со службени 5:0.

Утре продолжуваат фудбалските возбудувања на спортскиот терен во радовишкото село Подареш, организаторите се добри домаќини, локалното население сака гости, ќе уживате во добра скара, ладно пиво, одлична и пријатна атмосфера, секако паралелно со уживање на добар фудбал.

Мега фотогалерија од првата натпреварувачка вечер на „Подареш 2025“ достапна на овој линк.

Спортска Мрежа годинава по првпат е медиумски покровител и ќе ја дололува атмосферата од секоја натпреварувачка вечер.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора женска фудбалска лигаФудбал

(ФОТО) ЖФК Борец достојно ја претставува Македонија во Торино: Велешанки дел од силен меѓународен турнир во Италија

Женскиот фудбалски клуб Борец од Велес достојно ги брани боите на Македонија на престижен меѓународен турнир кој се одржува на 27 и 28...

Останато

Стартуваат квалификациите на Macedonian Open 2026

Од денес на терените на ТК Југ во Градски парк во Скопје ќе стартуваат квалификациите за годинашново издание на Macedonian Open 2026. Турнирот...

Поврзани написи
Турнири

Бирлик Конче со убедлива победа над Хасан Бум на турнирот „Конче 2026“

Вечерва на турнирот во мал фудбал „Конче 2026“ се одиграа два ревијални...

Турнири

АСП Пак до службена победа, Кафе Бар Слобода и Етно ресторан Дедо Димо ги „искинаа“ мрежите

Вечерва се одиграа два од три натпревари на турнирот во мал фудбал...

Турнири

Озан Ајаз го освои турнирот „Црнилиште Куп 2026“, мечот за трето место се решаваше на пенали

Екипата на Озан Ајаз е победник на овогодинешното издание на турнирот во...

Турнири

Zo-Ell се намачи, Ozan Ajaz полесно до финале на „Црнилиште Куп 2026“

Zo-Ell и Ozan Ajaz обезбедија место во големото финале на турнирот во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!