Ракомет

Младост Богданци сезоната ја отвара против Астраион, дерби на Македонија ЃП со Мулти Есенс

Сподели
Сподели

Новата сезона во Првата ракометна лига ќе стартува на 13 односно 14 септември со натпревари од првото воведно коло.

Во новата сезона ќе се игра во поинаков форма со тоа што ќе се одиграа 26 кола – двокружен систем (дома – гости), а шампионот ќе има директен влез во Суперлигата, а пак второпласираниот тим ќе игра бараж за можен влез со претпоследната екипа од плеј-аутот на Суперлигата.

Во новата сезона ќе настапат Македонија ЃП, Овче Поле, Кичево, Младост Богданци, Јехона, Текстилец, Драчево Јуниор, Шампион, Аеродром, Преспа Вардар од Ресен, Астраион од Струмица, Партизан, Вардар Неготино и Мулти Есенс.

Првото коло го носи дербито меѓу Македонија ЃП и Мулти Есенс, Овче Поле во Свети Николе ќе го пречека Вардар Неготино.

Кичево против Партизан, Младост во Богданци како апсолутен фаворит ќе игра со Астарион, Јехона во Гостивар ќе го пречека Преспа Вардар од Ресне, Текстилец во Штип ќе биде домаќин на Аеродром, а пак екипата на Драчево Јуниор ќе игра со Шампион.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Вардар денес гостува во Богданци, Младост ќе има поддршка со полна сала

Вечерва во 18 часот во Богданци ќе се одигра натпреварот од третото коло на Супер лигата меѓу Младост и Вардар, се очекува полна...

Трета лигаФудбал

Саса оди по три бода во Пирава, дерби на Овче Поле и Малеш, Огражден ќе го предизвикува Хоризонт Турново

Второто коло од Трета лига регион 3 носи неколку интересни средби, каде се очекува голема борба за освојување на бодовите. Овче Поле кој...

Поврзани написи
Ракомет

Вардар денес гостува во Богданци, Младост ќе има поддршка со полна сала

Вечерва во 18 часот во Богданци ќе се одигра натпреварот од третото...

Ракомет

Костов лидер, Мате веднаш зад него: Топ 10 стрелци по две одиграни кола во Супер лигата

По две одиграни кола во новата сезона од Супер лигата, охриѓанецот- Наум...

Ракомет

Младеновски: Вардар е огромен мотив, пред домашната публика ќе дадам сè од себе

Поразот остава разочарување кај екипата на Младост, откако беше блиску до првото...

Ракомет

Дерби на Вардар Неготино и Пролет, Драчево Јуниор гостува во Радовиш, Аеродром против Овче Поле

Втората рунда од Првата ракометна лига носи четири средби кои ќе бидат...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!