Ракомет

Шампион Ѓорче Петров стартува против Куманово, скопско соочување на Металург Автокоманда против Вардар

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Со натпреварите од првото коло на 5 односно 6 септември ќе започне новата сезона во женската ракометна Суперлига.

Во истата ќе настапат осум екипи – шампионот Ѓорче Петров, Пелистер, Астибо, Металург Автокоманда, Вардар, Спартак, Куманово и Чаир.

Актуелниот шампион Ѓорче Петров одбраната на титулата ја стартува против Куманово на домашен терен, Пелистер сезоната ја отвара во Битола каде ќе го пречека Чаир.

Во Штип, домаќинот Астибо ќе игра со Спартак, а првото коло го носи скопското соочување меѓу Металург Автокоманда и Вардар.

Како што е познато во Суперлигата настапуваат шесте екипи кои лани беа во плеј-офот плус првите две екипи кои беа во плеј-аутот, а тоа се Спартак и Пелистер, останатите ќе играат во новоформираната Првата женска ракометна лига.

Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Тиверија повторно не се појави на теренот, Каменица Саса добива службени 3:0!

Натпреварот од петтото коло во Третата македонска фудбалска лига – регион 3, меѓу Каменица Саса и Тиверија, не се одигра откако гостинскиот тим...

Прва лигаФудбал

Нухија: Ќе дадеме се од себе за да ја израдуваме публиката на Чаир

Шкендија од Арачиново ја бара својата прва победа во фудбалската елита на Македонија против Шкендија од Тетово, откако досега ги загуби сите три...

Поврзани написи
Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6....

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја...

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде...

Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!