Турнири

Шестото издание на „Трофеј Трајан Куља“ стартува на 8 август – најсилниот турнир за млади категории досега

Сподели
Сподели

Битолското село Црнобуки од 8 до 10 август ќе биде домаќин на шестото издание на традиционалниот фудбалски турнир за млади категории – „Трофеј Трајан Куља“, кој оваа година ветува највисок квалитет досега.

Овој турнир веќе стекна голем углед меѓу младинските школи во регионот, благодарение на единствениот концепт – учество без партиципација, со што се овозможува вистински спортски дух и фер можности за сите екипи.

На програмата се натпревари во три возрасни категории – генерациите до 9, 10 и 11 години, со учество на вкупно 48 екипи. Покрај водечките младински школи од Македонија како Пелистер, Вардар, Македонија ЃП и Брера Струмица, ќе настапат и гости од Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, што му дава на турнирот и меѓународен карактер.

Организаторите најавуваат одлична организација и силна промоција, а турнирот добива и поддршка од реномирани фудбалски имиња. Амбасадори и промотери на годинашното издание се поранешниот репрезентативец Милан Стојановски, капитенот на Партизан Саша Илиќ, како и голем број познати имиња од македонскиот и балканскиот фудбал: Јане Николоски, Панче Ќумбев, Александар Лазевски, Марко Ѓорѓиевски, Стефан Ашковски и Христијан Драгарски.

Свеченото отворање е закажано за 8 август, по посетата на гробот на Трајан Куља, во чија чест и се организира турнирот. Групната фаза ќе се игра на 8 и 9 август, додека финалните натпревари ќе се одиграат в недела, на 10 август, попладне.

Покрај тимските награди (пехари и медали), турнирот нуди и индивидуални признанија, а посебен акцент се става на главната индивидуална награда – седумдневен камп во организација на ФК Партизан за најдобрите фудбалери во секоја категорија.

„Трофеј Трајан Куља“ се издвојува како турнир кој нуди повеќе од натпревари – емотивно доживување, фудбалска атмосфера, пријателства и спомени за цел живот. Благодарение на љубовта кон фудбалот и визијата на организаторите, Црнобуки повторно ќе биде центарот на младинскиот фудбал во Македонија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Марјан Младеновски ќе им суди на Еуромилк ГЛ и Аеродром, Дејан Младеновски на Студеничани и Кадино

Денес со мечот меѓу БВК Коњаре и Ржаничино ќе биде отворено 20. коло на Трета лига – Север, а кое коло ќе се...

Прва лигаФудбал

Џангаровски: Македонија ЃП има карактер и верба дека ќе успее во битката за опстанок

Денеска во рамките од 28. коло од домашното првенство на стадионот Петар Милошевски во Битола од 15:00 часот ќе се сретнат екипите на...

Поврзани написи
Турнири

Чукарички пристигнува во Македонија: белградскиот клуб дел од Интернационал Мастерс Куп 2026

Југоисточна Македонија во месец мај ќе биде во знакот на младинскиот фудбал,...

Турнири

Зошто „Охрид Куп 2026“ е вистинскиот избор за вашата екипа?

Во време кога младинскиот фудбал сè повеќе се сведува на резултати и...

Турнири

„Стоби Куп 2026“ – нов детски турнир што ветува фудбалска магија и идни таленти

Општина Градско во соработка со ГФК Неготино најавува организација на нов детски...

Турнири

(ВИДЕО) „Охрид Куп 2026“: Турнир каде секое дете е победник, медал за секој учесник!

Младинскиот фудбалски турнир „Охрид Куп 2026“, кој ќе се одржи од 18...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!