Втора лигаФудбал

Слога Виница ги промовираше Митревски, Богевски и Постолов

Сподели
Сподели

Второлигашот Слога Виница промовираше нови три засилување – станува збор за Божидар Митревски, Давор Богевски и Јован Постолов.

Митревски кој е дефанзивен играч од средниот ред има 24 години, тој е всушност повратник во Виница, а за Слога настапуваше во период од февруари 2022 до јули 2022 година, а сега доаѓа од второлигашот Детонит Плачковица од Радовиш.

Низ својата кариера беше дел од Скопје, Силекс, Тетекс, Вардар и Работнички, а меѓународна кариера градеше во Словенија и Бугарија.

Богоевски доаѓа од редовите на прилепска Победа, има 18-години и важи за талентиран фудбалер, а станува збор за дефанзивен играч од средниот ред.

Постолов кој има 19 години доаѓа од Брера Струмица и го засилува средниот ред на Слога Виница. Се работи за талентиран играч кој ќе биде големо освежување и засилување за тимот од Виница. Тој потекнува од Академија Постолов од Штип, беше од Кит Го Пехчево и Брегалница Штип, а во Брера Струмица настапуваше од февруари 2022 година.

Новата сезона екипата на Слога Виница ја отвара против Скопје во Автокоманда со мечот од првото коло на 23 август.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

Шар Планина ја доби Гевгелија – финалето ќе се решава во „мајсторка“!

Кошаркарите на Шар Планина возвратија на вистински начин и изборија решавачки трет натпревар во финалната серија за пласман во Првата македонска лига. Тимот...

Кошарка

Битка за елитата: стартува плеј-офот во Првата кошаркарска лига

По кратката пауза, викендов започнува највозбудливиот дел од сезоната во Првата македонска кошаркарска лига – плеј-офот кој ќе донесе еден нов суперлигаш. Четирите...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Фатмир Бафто ќе го суди мечот меѓу Силекс и Брера, Доне Ристовски на Тиквеш и Шкендија

Утре со два мечеви се отвара 28. коло во Првата македонска фудбалска...

Фудбал

Масар Омерагиќ: Поддршката од УЕФА и претседателот Чеферин е силен поттик за реформите и развојот на македонскиот фудбал

На покана од претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, претседателот...

Фудбал

Претседателот на УЕФА Александар Чеферин пристигна во Скопје – голема поддршка за македонскиот фудбал

На покана на претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, претседателот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!