Ракомет

Охрид вклучува тројца нови „бисери“ во тимот за Суперлигата и Европскиот Куп!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

ГРК Охрид продолжува со стратегијата на подмладување и афирмација на своите млади надежи, пријавувајќи уште тројца талентирани ракометари од сопствената школа за настап во Суперлигата и ЕХФ Европскиот Куп во сезоната 2025/26.

По неодамнешното потпишување на професионален договор со бекот Илија Трајчески, кој веќе се наоѓа во тренажен процес со првиот тим, управата на клубот одлучи во сениорскиот состав да им даде шанса и на следниве тројца млади ракометари – голманот Бојан Крстевски, кој има 17 години, а е висок 185 цм, Матео Сиљановски кој игра како среден бек, има 17 години, висок 182 цм и Христијан Пупунцоски, 17-годишно лево крило, а кој е висок 181 цм.

Сите тројца се производ на младинската школа на клубот, а нивното приклучување кон првиот тим претставува потврда за сериозната заложба на Охрид да гради стабилна и долгорочна основа за идни успеси, како на домашната сцена, така и во европските предизвици.

Оваа сезона клубот ја започнува со целосно освежен тим и ново поглавје под водство на српскиот стратег Борис Ројевиќ. Подготовките за сезоната се веќе во тек, а базичниот дел ќе се реализира во Охрид. Во рамки на подготвителниот период, охриѓани ќе настапат и на неколку силни турнири, меѓу кои се Струшкиот турнир и домашниот „Крсте Андоновски“, каде Охрид ќе има и улога на организатор.

Со ваков пристап, Охрид не само што гради конкурентен тим за тековната сезона, туку и јасно ја демонстрира визијата за иден развој преку силна поврзаност со својата младинска школа.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбалФутсал

Големо признание: Доне Ристовски и Марјан Младеновски ќе судат на Европското првенство во футсал

Македонските интернационални судии Доне Ристовски и Марјан Младеновски ќе делат правда на претстојното Европско првенство во футсал 2026. Европското првенство ќе се одржи...

ФудбалФутсал

Проект е пресилен – битката за титулата ќе ја води со шампионот Форца!

По одиграни седум кола во Првата футсал лига многу работи стануваат јасни – непоразениот лидер Проект е неприкосновен со максимални 21 бод со...

Поврзани написи
Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Прилеп – Алкалоид

Алкалоид како голем фаворит ќе гостува кај Прилеп во натпревар од 16....

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Куманово – Пролет

Екипата на Куманово на домашен терен ќе го бара третото славје против...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Тиквеш – Охрид

Вечерва во Кавадарци се игра натпреварот меѓу Тиквеш и Охрид од 16....

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Еурофарм Пелистер – Вардар

Следете го големото македонско ракометно дерби во живо од Битола: Актуелниот шампион...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!