Прва лигаФудбал

Зоран Балдовалиев е нов спортски директор на Брера!

Сподели
ФОТО: ФК АП Брера Струмица
Сподели

Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец Зоран Балдовалиев е именуван за нов спортски директор на ФК Брера. Со своето богато фудбалско искуство, како и со професионалниот пристап кон работата, Балдовалиев се очекува да одигра клучна улога во реализацијата на клупските цели за претстојната сезона која започнува на 8 август.

Роден и фудбалски изграден во Струмица, Балдовалиев потекнува од познатата струмичка школа која има изнедрено бројни таленти. Во текот на кариерата настапуваше за повеќе клубови низ Македонија и странство, при што воспостави богата мрежа на контакти. Овие поврзаности се сметаат за сериозен ресурс кој клубот ќе може да го искористи, особено во насока на развој и афирмација на младинскиот кадар со кој располага Брера.

„Се заблагодарувам на раководството за укажаната чест да бидам спортски директор. Ќе се потрудам да дадам свој ангажман во остварување на целите на АП Брера Струмица за оваа сезона, како што е овозможување услови за квалитетна работа и професионален развој на секој фудбалер во клубот, со подобрување на нашата спортска инфраструктура по добивањето терени во Градско Балдовци. И понатаму, како приоритет ни остануваат нашите младински школи кои имаат одличен потенцијал,“ изјави Балдовалиев.

Тој истакна дека ќе работи на мобилизација на млади фудбалери од Струмица и градење силна врска со локалната заедница. „Целта е да создадеме наши струмички фудбалери кои ќе играат во прва екипа, со можност за кариера и во други клубови. Тоа не значи дека сениорскиот состав ќе биде запоставен – напротив, подготовките се во тек, а донесовме и неколку засилувања,“ додаде новиот спортски директор.

Првенството во ПМФЛ започнува на 8 ми август а Брера во првото коло ќе гостува во Кратово против Силекс.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Бузалковски со два подиуми во Словачка – Со поддршка од министерот за спорт Борко Ристовски по европската вицешампионска титула!

Македонскиот мотоциклист Христијан Бузалковски продолжува со одличните настапи во ФИМ Европскиот шампионат, откако изминатиот викенд на легендарната патека „Словакиаринг“ во Словачка освои две...

Прва лигаФудбал

Стафа: Одиме максимално мотивирано за да извлечеме позитивен резултат

Башкими го остави зад себе лошиот старт на сезоната и серијата од пет последователни порази. Победите над Скопје и БВБ Коњаре во Купот,...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стафа: Одиме максимално мотивирано за да извлечеме позитивен резултат

Башкими го остави зад себе лошиот старт на сезоната и серијата од...

Прва лигаФудбал

Ацковски: Кратово е незгодно гостување, но веруваме дека можеме до позитивен резултат

Со триумфот над Шкендија на гостински терен, екипата на Тиквеш покажа дека...

Втора лигаФудбал

Качевски ќе им суди на Камјани и Детонит, Пилешков на Пелистер и Охрид, Стојанов главен во Горно Лисиче

Делегирани судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од шестото коло...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!