Турнири

Во тек е пријавувањето за учество на турнирот во мал фудбал во Демир Хисар

Сподели
Сподели

Демир Хисар летово ќе пулсира во ритамот на мал фудбал, бидејќи за првпат ќе се организира турнир во мал фудбал под покровителство на градоначалникот на општината. Турнирот ќе се игра на спортското игралиште при Основното училиште „Гоце Делчев“ – Демир Хисар.

Ова прво издание најавува интересна спортска атмосфера, со очекување на голем интерес од домашни и регионални екипи. Учеството чини 6.000 денари, а пријавувањето трае до 7 август. Ждрепката ќе се одржи на 8 август, додека првиот свиреж ќе го означи почетокот на турнирот на 11 август 2025 година.

За сите заинтересирани екипи, контакт броевите за пријавување се: 076/22-11-00 и 075/569-848.

Со гордост објавуваме дека Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој настан, кој има за цел да стане традиционален дел од спортскиот календар во Демир Хисар.

Следете нè за резултати, фотографии, извештаи и ексклузивни интервјуа од турнирот!

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Неколку второлигаши „висат“: Победата е неопходна за излез од резултатската криза

Денес ќе биде отворено шестото коло во Втората фудбалска лига, а ќе се комплетира утре со мечот меѓу Брера и Шкупи, кој ќе...

Ракомет

Костов лидер, Мате веднаш зад него: Топ 10 стрелци по две одиграни кола во Супер лигата

По две одиграни кола во новата сезона од Супер лигата, охриѓанецот- Наум Костов од МРК Куманово, е лидер на листата на најдобрите стрелци....

Поврзани написи
Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

Турнири

„Зоран Недев – Фелер Куп 2026“: Неготино десетти пат собра млади фудбалски таленти, застапен и женскиот фудбал!

Неготино и годинава беше во знакот на младинскиот фудбал со јубилејното издание...

Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!