Турнири

ВИДЕО: Магнум Казино триумфираше на Илинденските спортски игри во Зрновци

Сподели
Сподели

Со драматично финале и одлична атмосфера, заврши 12. традиционален турнир во мал фудбал во Зрновци, кој беше дел од Илинденските спортски игри 2025. Турнирот, што се играше од 23 до 30 јули, мина во фер и коректна игра, а организатори беа Општина Зрновци и Локалниот младински совет.

Во големото финале се сретнаа двете винички екипи Магнум Казино и Липечко Поле. Финалето понуди вистинска фудбалска драма. Липечко Поле поведе со 2:0, но Магнум успеа да направи целосен пресврт и поведе со 4:2. Во последните две минути, Липечко Поле со два брзи гола успеа да израмни на 4:4, а победникот беше решен по изведувањето пенали. Магнум беше посмирен и посигурен, славеше со 6:4 и го освои првото место.

Третото место му припадна на тимот на Фабијан, кој исто така покажа солидни настапи во текот на турнирот.

По завршувањето, беа доделени и индивидуални признанија:

  • Најдобар играч: Мартин Малчев (Магнум Казино)

  • Најдобар стрелец: Алекс Соколов (Липечко Поле) – 13 голови

  • Најдобар голман: Бојан Карчов (Магнум Казино)

Општина Зрновци ја продолжува својата поддршка кон спортот и младите, со фокус на развој на спортската инфраструктура и промовирање здрави животни вредности кај новите генерации.

Сподели

Не пропуштајте

Турнири

Zo-Ell се намачи, Ozan Ajaz полесно до финале на „Црнилиште Куп 2026“

Zo-Ell и Ozan Ajaz обезбедија место во големото финале на турнирот во мал фудбал „Црнилиште Куп 2026“. Вечерва публиката беше сведок на неверојатен...

Турнири

ФОТО: Перо и Тајфата со неверојатна победа преку пресврт, реми на Фурна Марфи и Интерпласт

Вечерва започна овогодишното издание на турнирот во мал фудбал „Конче 2026“, кој на стартот понуди четири атрактивни натпревари со многу погодоци. Првиот меч...

Поврзани написи
Турнири

Zo-Ell се намачи, Ozan Ajaz полесно до финале на „Црнилиште Куп 2026“

Zo-Ell и Ozan Ajaz обезбедија место во големото финале на турнирот во...

Турнири

ФОТО: Перо и Тајфата со неверојатна победа преку пресврт, реми на Фурна Марфи и Интерпласт

Вечерва започна овогодишното издание на турнирот во мал фудбал „Конче 2026“, кој...

Турнири

Гранит Х со голема победа, пораз и триумф за „мечињата“ на турнирот во Мешеишта

Вечерва беа одиграни три натпревари на турнирот во мал фудбал „Петровден“ во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!