Турнири

Четвртфинале на Малеш Куп 2025 – драма, голови и фаворити во полн сјај!

Сподели
Сподели

Синоќа на теренот кај Старата Гимназија во Берово се одиграа четвртфиналните дуели од елиминациската фаза, а резултатите ги пласираа четири екипи во полуфиналето:

  • Резултати од четврт-финалните натпревари:

ОФК Карбинци Алфи 3:2 Турбо Тим Марлон

Дуел исполнет со динамика од првата до последната минута. Карбинци Алфи совладаа жесток отпор од Марлoнци со пресврт во второто полувреме.

Митрашинци 0:5 Паб Делчево – Монополо

Монополо го потврди квалитетот од групната фаза со рутинска и убедлива победа над Митрашинци.

Деутз Вих Дворище 5:1 М‑Младост

Доминирачка партија на Деутз Вих: победнички голови уште од првиот дел, а второто полувреме донесе нови голови и уверта за полуфинале.

ОФК Малеш – Постоловски 1:5 Еклектик

Еклектик повторно блесна гол-готовност и со најубедливиот резултат од вечерта се пласира во последната четворка.

  • Најава за полуфиналето (24.07, Старата Гимназија – Берово)

20:00 Паб Делчево Монополо – Еклектик

Монополо со убедлива четвртфинална партија се најави како сериозен кандидат, но Еклектик е екипа што не им прости ниту гол на Малеш Постоловски – директно дерби за финале!

21:00 ОФК Карбинци Алфи – Деутз Вих Дворище

Дуел меѓу изненадувачите од групите! Карбинци ги имаа тесните победи, додека Двориштани дојдоа со висок офанзивен фудбал – неизвесностa е загарантирана.

Полуфиналните натпревари ќе понудат добар фудбал и неизвеност за уживање на публиката.

Продолжуваат фудбалските спектакли на Малеш Куп 2025! Сите детали, фотографии и видеа следете ги на Спортска Мрежа – ексклузивен медиумски покровител уште од 2022 година.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Турнири

ЦСКА Софија ја засилува елитата: Интернационал Мастерс Куп добива уште еден фудбалски гигант

Југоисточна Македонија во мај ќе биде во знакот на младинскиот фудбал, а...

Турнири

ФОТО: Атлетико 2021 победник на традиционалниот турнир „Св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во организација на фудбалската школа Академија Младост Тошев, во спортската сала во...

Турнири

Во сабота 9. издание на турнирот во мал фудбал „св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во сабота ќе се одржи деветтото издание на турнирот во сала „св....

Турнири

ВИДЕО: Финалето меѓу Дим Метал и Пицерија Дивино од „Стојаково 2025“

Екипата на Дим Метал го подигна шампионскиот пехар на турнирот во мал...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!