Втора лигаФудбал

Беласица ги промовираше Давид Стојков и Горан Томовски

Сподели
ФОТО: ФК Беласица
Сподели

Второлигашот Беласица за новата сезона претстави уште две засилувања, се работи за Давид Стојков и Горан Томовски, кои во пакет во Беласица доаѓаат од редовите на Брегалница.

27-годишниот Томовски е играч од средината на теренот и ќе биде големо освежување за ростерот на Беласица, покрај за Брегалница, има настапувано за Брера Струмица речиси цела кариера и за Плачковица од Радовиш.

Стојков кој има 23 години игра како централен стопер и треба да донесе свежина во редовите на Беласица за новата сезона.

Покрај за Беласица има настапувано и за Брера Струмица и Тиквеш, а дресот на Беласица го носеше во период од февруари 2020 до јануари 2024 со што Стојков е повратник во редовите на Беласица.

Новата сезона започнува на 23 август.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во која тетовци ќе атакуваат на нови три бода. Шкендија посакува да...

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија и Вардар ќе ги одмерат силите во дербито од Првата македонска...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во...

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија...

Прва лигаФудбал

Шабани: Го респектираме противникот, но нашата цел се нови три бода

Струга Трим Лум им се врати на победите во минатото коло, а...

Прва лигаФудбал

Ангелов: Време е да ставиме крај на негативната серија, време е за победи

Фудбалерите на ФК Скопје се во лоша резултатска низа, но не потклекнуваат...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!