Прва женска фудбалска лигаФудбал

ФОТО: ЖФК Истатов интензивно се подготвува за новата сезона во Првата лига!

Сподели
Сподели

ЖФК Истатов интензивно се подготвува за новата сезона во Првата женска фудбалска лига под водство на искусниот стратег Кирил Изов.

Веќе две недели „Истатовки“ ја темпираат формата во Пржино каде има одлични услови за работа.

Клубот досега се засили со Весна Милојевиќ, Ива Крстевска, Матеа Спасовска, Оља Лазовска, Мери Трајковска, Искра Смилевска како и искусната Елма Шемсовиќ.

Клубот го прославија и својот десети роденден, а по тој повод Спортска Мрежа снимаше емисија со стратегот Кирил Изов, каде зборувавме за почетоците на клубот, идејата за основање, развојот на клубот, за успесите, освојувањето на шампионската титула и Куп титулата, за настапот во квалификациите за Лигата на шампионите и многу други теми.

Емисијата посветена на ЖФК Истатов, а по повод десеттиот роденден ќе можете да ја проследите во недела (27 јули) од 22:30 часот на YouTube каналот на Спортска Мрежа.

ФОТО: Кирил Изов гостин во Спортска Мрежа

Во рамки на подготовките искусниот Кирил Изов формата ќе ја проверува преку пријателски меч со Скопје на 31 јули, потоа на 5 август со Каменица Саса во Скопје и со учество на турнир во Струга каде покрај Истатов ќе игра и домаќинот Ас Јунајтед, Тиверија Брера и Скопје.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во која тетовци ќе атакуваат на нови три бода. Шкендија посакува да...

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија и Вардар ќе ги одмерат силите во дербито од Првата македонска...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во...

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија...

Прва лигаФудбал

Шабани: Го респектираме противникот, но нашата цел се нови три бода

Струга Трим Лум им се врати на победите во минатото коло, а...

Прва лигаФудбал

Ангелов: Време е да ставиме крај на негативната серија, време е за победи

Фудбалерите на ФК Скопје се во лоша резултатска низа, но не потклекнуваат...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!