Ракомет

Прилеп стартуваше со подготовки и најави амбициозна сезона во Суперлигата

Сподели
Сподели

Ракометниот клуб Прилеп ги започна подготовките за новата сезона во машката Суперлига, под водство на новиот шеф на стручниот штаб, Наум Танески. На првиот собир, кој се одржа во спортската сала на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“, беа претставени и новите засилувања, со што прилепчани јасно ја испратија пораката дека имаат високи цели во новиот шампионат.

Во составот на Прилеп пристигнаа тројца ракометари со интернационално искуство. Грузискиот десен бек Сандро Дарсанија доаѓа од Португалија, додека црногорскиот репрезентативец Божидар Лековиќ настапуваше за тим од Азербејџан. Третото засилување е повратникот во македонскиот ракомет, Димитар Димитриоски, кој последно играше за шпански Ваљадолид.

Раководството на клубот успеа да ги задржи и неколку клучни имиња од ланскиот ростер – нови договори потпишаа Владо Кастратовиќ, Иван Ангелески, Денис Шабановиќ, Александар Тренчевски, Марио Столески и Томислав Квастек.

Од друга страна, со екипата се разделија тројца ракометари – Никола Цветаноски, Левани Имнадзе и Ангелче Органџиев.

Прилеп ќе ја темпира формата преку серија контролни натпревари, вклучително и настап на традиционалниот Меѓународен турнир „Миле Нешкоски“ кој ќе се одржи во Прилеп од 21 до 24 август. Новата сезона во Суперлигата официјално започнува на 6 септември, а Прилеп ќе ја отвори на домашен терен против Еурофарм Пелистер 2.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во која тетовци ќе атакуваат на нови три бода. Шкендија посакува да...

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија и Вардар ќе ги одмерат силите во дербито од Првата македонска...

Поврзани написи
Ракомет

Озтурк не го заборави Охрид: „Се чувствувам како да сум во својот втор дом!“

ГРК Охрид убедливо го отвори европскиот двомеч со Спор Тото, совладувајќи го...

Ракомет

Радовиш убедлив против Партизан во Гевгелија, десет гола на Васе Петров

Ракометарите на Радовиш забележаа нова победа откако во Гевгелија со 25:30 го...

Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!