Младински фудбалФудбал

Пријавување за ФФМ Лиги за петлиња, помлади петлиња и ФФМ Детски Лиги за сезона 2025/2026

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија информираше дека е започнат процесот на пријавување за учество во повеќе категории:

-Регионалните лиги за петлиња (фудбалери родени во 2011 година)

– Регионалните лиги за помлади петлиња (фудбалери родени во 2012 година)

– ФФМ Детските лиги (фудбалери родени од 2013 до 2018 година, вкупно 6 категории)

Рокови за пријавување:

– Најдоцна до 27.07.2025 (недела) за регионалните лиги за петлиња и помлади петлиња

– Најдоцна до 06.08.2025 (среда) за ФФМ Детските лиги

По истекот на роковите ќе следи официјалната постапка за доставување документи и разгледување на апликациите од страна на клубовите кои ќе се пријават.

„Ги потсетуваме сите заинтересирани клубови и оние кои веќе учествувале, како и оние кои првпат сакаат да бидат дел од лигите да аплицираат најдоцна до наведените термини. Клубовите кои ги добиле потребните мејлови со информации и линкови за онлајн пријавување, нека ја пополнат пријавата навреме. Доколку некој клуб од било која причина не го добил мејлот, потребно е да испрати е-порака со интерес за учество на адресата: bojan.markovski@ffm.com.mk. По тоа, клубот ќе добие повратен мејл со сите потребни информации и инструкции за пријавување“, се вели во соопштението од ФФМ.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Арсими продолжува со проверениот стручен штаб: Вилдан Салиу останува на кормилото и во новата сезона

Прволигашот Арсими од Чегране ќе ја задржи стабилноста во стручниот штаб и во новата натпреварувачка сезона. Раководството на клубот одлучи повторно да му...

Прва лигаФудбал

Нов бисер од Работнички пристигна во Кратово: Силекс го ангажира Никола Манојлов

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува со засилувањата во пресрет на новата натпреварувачка сезона, а најново име во редовите на кратовци е...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Арсими продолжува со проверениот стручен штаб: Вилдан Салиу останува на кормилото и во новата сезона

Прволигашот Арсими од Чегране ќе ја задржи стабилноста во стручниот штаб и...

Прва лигаФудбал

Нов бисер од Работнички пристигна во Кратово: Силекс го ангажира Никола Манојлов

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува со засилувањата во пресрет на...

Прва лигаФудбал

Бразилско засилување за дебитантот Шкендија Арачиново

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново продолжува со интензивното засилување на играчкиот кадар во...

Втора лигаФудбал

Ќе следуваат нови тренерски промени во Втора лига!?

Пред стартот на летните подготовки неколку второлигаши направија промени на тренерската позиција,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!