Турнири

„Богородица Куп 2025“ со меморијален карактер и вредни награди – пријавувањето е во тек!

Сподели
Сподели

Во духот на традицијата и спортот, ова лето Волино повторно ќе пулсира со адреналин и фудбалски возбудувања – започнува 27-то издание на турнирот во мал фудбал „Богородица Куп 2025“. Овој реномиран турнир кој секоја година ги собира најдобрите екипи од регионот, оваа година ќе има и посебна, емотивна димензија.

Турнирот ќе биде одржан во с. Волино, општина Дебрца, а годинашното издание ќе има меморијален карактер, посветен на прерано починатиот Крсте Илинкоски – голем љубител на спортот и долгогодишен поддржувач на турнирот и локалниот фудбалски клуб ФК Сатеска.

Во чест на неговиот придонес, награда за најдобар стрелец од оваа година ќе го носи името „Крсте Илинкоски“, како симбол на неговото спортско наследство и љубов кон фудбалот.

Турнирот нуди атрактивен награден фонд:

🥇 Прво место – 200.000 денари

🥈 Второ место – 100.000 денари

🥉 Трето место – 30.000 денари

🎖️ Четврто место – 10.000 денари

Пријавувањето на екипите е веќе започнато и трае до 6 август, а котизацијата изнесува 4.000 денари по екипа. За пријавување и повеќе информации, заинтересираните екипи може да се обратат на 075 977 961 (Никола) и 075 811 845 (Даниел).

„Богородица Куп“ и ова лето ветува силни натпревари, преполни трибини и спортски дух. Ве очекува вистински фудбалски празник во Волино – не пропуштајте!

Спортска Мрежа за првпат ќе биде медиумски покровител на овој турнир во мал фудбал, со што ќе имате можност да ги следите резултати, најдобри моменти од турнирот секоја вечер.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

КупФудбал

Извлечени полуфиналните двојки во Купот на Македонија за млади категории

Денеска во „Куќа на фудбалот“ беа извлечени двојките за полуфиналето во Купот на Македонија во младинските категории, со што официјално започнува битката за...

Ракомет

Ојлески: „Ќе дадеме сè од себе за европско финале“ – Охрид пред најголемиот испит!

Ракометна вечер исполнета со емоции, борбен дух и верба во историски успех го очекува Охрид, кој во сабота го игра реваншот од полуфиналето...

Поврзани написи
Турнири

Интернационал Мастерс Куп 2026 расте: Пансерраикос и АК Фудбала 11 нови имиња на турнирот

Југоисточна Македонија во месец мај повторно ќе биде во знакот на младинскиот...

Турнири

Охрид Куп 2026 – Зошто сè повеќе екипи го избираат овој турнир?

Во време кога младинскиот фудбал сè почесто се сведува на резултати и...

Турнири

Чукарички пристигнува во Македонија: белградскиот клуб дел од Интернационал Мастерс Куп 2026

Југоисточна Македонија во месец мај ќе биде во знакот на младинскиот фудбал,...

Турнири

Зошто „Охрид Куп 2026“ е вистинскиот избор за вашата екипа?

Во време кога младинскиот фудбал сè повеќе се сведува на резултати и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!