Останати репрезентацииОстанато

Бошковска: Се чувствувам многу подобро, се надевам дека комплетно ќе се вратам во ритам

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Поради повреда коректорот Мери Бошковска ја пропушти првата летна акција на женскиот национален тим, настапот во Европската Сребрена лига 2025, но сега таа се враќа во екипата во пресрет на европските квалификации. Бошковска се стави на располагање на селекторот Стефан Пауновиќ во Маврово и работи со полн интензитет.

Санацијата на повредата е во финална фаза, а коректорот се надева дека ќе биде целосно подготвена да и помогне на репрезентацијата на престојните дуели со Грција и Австрија.

„Веднаш почнав со санирање на повредата, со физикални терапии и индивидуални вежби за зацврстување на самиот зглоб. Се чувствувам многу подобро, во последните 15 дена почнав да се подготвувам и за репрезентативниот собир. Се надевам дека комплетно ќе се вратам во ритам и со добра превентива ќе можам да ги издржам овие квалификации“, објаснува Мери Бошковска и додава: „Убаво е што сум пак дел од екипата. По оваа повреда почувствував колку е тешко кога сакаш, а не можеш да и помогнеш на екипата! Се надевам дека со моето враќање ќе придонесам во тимот.“

Натпреварите со Грција и Австрија не можат да сменат ништо за Македонија во циклусот за ЕуроВолеј 2026, но можат да бидат нова потврда за тоа дека екипата расте од акција во акција.

„Од првиот собир на оваа екипа пред неколку години до денеска имаме голем напредок и од натпревар во натпревар се чувствува се поголема хемија меѓу нас, позитивна енергија и зрееме како играчи и како екипа. Вистина е дека немаме резултатски притисок во дуелите со Грција и Австрија, но остануваме мотивирани да дадеме максимум и да понудиме добра игра особено пред домашната публика“, потенцира коректорот на репрезентацијата.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Останато

Две петти места за Македонија на Европското сениорско првенство во таеквондо во Минхен

Македонските репрезентативци Дејан Георгиевски и Милијана Релиќ го освоија петтото место на...

Останато

Александар Љафтов ја заврши сезоната како вицешампион на Унгарија

Македонскиот репрезентативец Александар Љафтов и неговиот тим Елоре ја завршија сезоната 2025/2026...

Останато

Филип Савовски испиша историја: Двојна круна со Панатинаикос во Грција

Македонскиот репрезентативец Филип Савовски имаше сезона за паметење во дресот на Panathinaikos...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!