Турнири

Возбудувања во групната фаза на „Влатко Петров 2025“ – Гостилница кај Џек вечерва со троен предизвик!

Сподели
Сподели

Продолжуваат возбудувањата на Меморијалниот турнир „Влатко Петров“ во Чардаклија, а понеделничката вечер донесе нова доза натпреварувачки дух, голови и борба за пласман.

  • Резултати од понеделник (21 јули):

Б.Р. Сашо ГИС Скопје – МАГНА 12:6

ФизиоАрт – Електро ДМ 2:5

Штерјов Credy – СИЕР 3:1

Штерјов Credy со триумф против СИЕР останува во игра за осминафинале, додека Електро ДМ со победа над ФизиоАрт ја размрда групата Б.

  • Најава за вторник (22 јули):

20:50 Гостилница кај Џек – Матива

21:40 Гостилница кај Џек – Puzzle

22:30 Mela Rent a Car – Гостилница кај Џек

23:15 Штерјов Credy – Динамо Штип

Сите погледи вечерва ќе бидат свртени кон Гостилница кај Џек, која како еден од фаворитите ќе одигра дури три натпревари во една вечер. Тимот ќе се обиде да го осигура пласманот меѓу најдобрите, но и да ја покаже својата сила на теренот.

Вечерва ќе го добиеме одговорот кој ќе остане во трката за трофејот, а кој ќе ги заврши настапите во групната фаза.

Следете го темпото на турнирот секоја вечер на Спортска Мрежа – резултати, табели, изјави и атмосфера директно од Чардаклија!

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Седлоски: Словенија е компактна селекција и излегува моќно од дефанзива, но верувам дека со карактер можеме да дојдеме до трите бода

Македонската фудбалска репрезентација утревечер  со почеток од 20:45 часот, на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје го игра завршниот, шести меч од групната...

ФудбалФутсал

Каршиака го доби дербито на колото, Шутка 1 даде 15 гола, а Овче Поле се враќа со три бода од Прилеп

Дербито на 5. коло на Втората футсал лига му припадна на тимот на Каршиака, откако со 7:5 го доби соочувањето со Црна Река...

Поврзани написи
Турнири

Стојаково повторно ќе живее за фудбалот – новогодишен турнир со награден фонд од 410.000 денари!

Стојаково и годинава ќе биде центар на фудбалските возбудувања во декември! На...

Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup,...

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!