Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Одлична атмосфера на тренингот на Беласица – струмичани ќе имаат уште неколку засилувања!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање
Сподели

Во полн ек се подготовките на Беласица за новата сезона во Втора лига која ќе започне на 23 август. Струмичани под водство на искусниот стратег Александар Стојанов веќе одиграа и еден пријателски меч со Кожуф, кој го добија со 2:3, а веќе утре во Бугарија ќе одиграат уште еден пријателски меч со Септември Симитли.

Во Брегалница пристигнаа неколку нови засилувања – Филип Митев, Марио Костов, Анатолиј Петејчук и Марио Наумоски, а во следниот период ќе бидат претставени уште неколку нови играчи.

Спортска Мрежа беше на тренингот на Беласица кој се одработува на стадионот „Благој Истатов“, а пред камерите на Спортска Мрежа зборуваше шефот на стручниот штаб Стојанов, како и капитенот Александар Милушев, Александар Коцев и Марио Наумоски.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Седлоски: Словенија е компактна селекција и излегува моќно од дефанзива, но верувам дека со карактер можеме да дојдеме до трите бода

Македонската фудбалска репрезентација утревечер  со почеток од 20:45 часот, на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје го игра завршниот, шести меч од групната...

ФудбалФутсал

Каршиака го доби дербито на колото, Шутка 1 даде 15 гола, а Овче Поле се враќа со три бода од Прилеп

Дербито на 5. коло на Втората футсал лига му припадна на тимот на Каршиака, откако со 7:5 го доби соочувањето со Црна Река...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Поранешниот селектор на Македонија Игор Ангеловски- Мрме го носи Таџикистан во финалето на Кралскиот куп!

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски – Мрме, заедно со...

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!