Втора лигаФудбал

ФК Брегалница најави прес конференција и претставување на новото раководство!

Сподели
Сподели

Второлигаш Брегалница најавува почеток на нова ера со целосно освежена структура и јасна визија за иднината. Клубот, кој зад себе има богата историја и традиција, тргнува со нови луѓе, амбиции и идеи за враќање на старите сјајни денови.

 Утре, со почеток од 13 часот, на Градскиот стадион во Штип ќе одржат официјална прес-конференција на која ќе бидат претставени новиот сопственик, новото раководство, како и новиот шеф на стручното раководство – Влатко Костов.

Костов, кој е познат по својата посветеност и резултати на македонската фудбалска сцена, ќе има задача да го врати Брегалница на патеките на успехот и да создаде тим кој ќе се бори за враќање во елитата.

Покрај официјалната промоција на новите клучни луѓе во клубот, раководството на Брегалница ќе ги претстави и своите амбиции, проектите за стабилизација и напредок на клубот, како и плановите за засилување на тимот. Детално ќе бидат претставени насоките во кои ќе се движи клубот во следниот период, како и стратегијата за создавање конкурентен состав кој ќе атакува на највисок пласман во Втората лига.

Брегалница се надева дека со новата организација и енергија ќе го врати интересот и поддршката од фановите и пошироката спортска јавност, а Штип повторно ќе добие клуб кој ќе биде гордост на градот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака го доби дербито на колото, Шутка 1 даде 15 гола, а Овче Поле се враќа со три бода од Прилеп

Дербито на 5. коло на Втората футсал лига му припадна на тимот на Каршиака, откако со 7:5 го доби соочувањето со Црна Река...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Естонките ја потврдија доминацијата, Македонија повторно поразена

Естонија уште еднаш ја потврди својата физичка и резултатска надмоќ, овојпат и на гостувањето во Штип. Во спортскиот центар „Џексон“, гостинската репрезентација ја...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Поранешниот селектор на Македонија Игор Ангеловски- Мрме го носи Таџикистан во финалето на Кралскиот куп!

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски – Мрме, заедно со...

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!