Турнири

“Петарда” на Леон Транспорт на “Ораовица 2025”

Сподели
ФОТО: Михаилов
Сподели

По слободниот саботен ден, турнирот во мал фудбал „Ораовица 2025“ вчера се врати на терените со три возбудливи натпревари кои донесоа важни бодови за екипите од групата Д.

  • Резултати од недела, 20 јули:

Ан-Са и Валаски – Леон Транспорт 1:5

Силно издание на Леон Транспорт, кои со пет погодоци најавија борба за пласман понатаму.

Mena Trans – IL-MA Montage 0:4

IL-MA Montage продолжува со перфектен скор во групата Д, запишувајќи уште една сигурна победа и го потврдува статусот на фаворит во оваа група.

Леон Транспорт – IL-MA Montage 2:3

Највозбудливиот дуел на вечерта – дербито помеѓу Леон Транспорт и IL-MA Montage заврши со тесна победа за IL-MA, кои и во третиот натпревар останаа непоразени.

  • Најава за понеделник, 21 јули – Нов фудбалски маратон во Ораовица:

20:00 Оливер Промет – Еклер Транс Пепелиште

21:00 Mena Trans – Ан-Са и Валаски

22:00 Црна Река – Бунарџик

23:00 Фурна Марфи – Црна Река

Очекуваме вечер исполнета со нови возбудувања, бидејќи речиси сите натпревари носат директна борба за првите позиции во групите.

„Ораовица 2025“ го оправдува епитетот на еден од најсилните турнири во регионот – со секој натпревар атмосферата станува сè поинтересна!

Спортска Мрежа продолжува да ви ги носи сите резултати, видео-содржини и моменти од турнирот. Организатор на истиот е ФК Изведен, а генерален покровител е општина Радовиш.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Естонките ја потврдија доминацијата, Македонија повторно поразена

Естонија уште еднаш ја потврди својата физичка и резултатска надмоќ, овојпат и на гостувањето во Штип. Во спортскиот центар „Џексон“, гостинската репрезентација ја...

ФудбалЧетврта лига

По речиси една деценија повторно локално фудбалско дерби во радовишко – Готен и Слога ќе ги одмерат силите во Подареш!

По долги години пауза, радовишкиот фудбал повторно ќе добие локално дерби! Утре, во рамките на шестото коло од Општинската фудбалска лига – Струмица,...

Поврзани написи
Турнири

Стојаково повторно ќе живее за фудбалот – новогодишен турнир со награден фонд од 410.000 денари!

Стојаково и годинава ќе биде центар на фудбалските возбудувања во декември! На...

Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup,...

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!