Останато

Сашко Кедев испиша историја: Прв Македонец што ги искачи сите 14 врвови над 8.000 метри!

Сподели
ФОТО: Imagine Nepal
Сподели

Познатиот македонски кардиолог и страстен алпинист, д-р Сашко Кедев, испиша историја станувајќи првиот Македонец кој ги искачил сите светски врвови повисоки од 8.000 метри!

Овој историски успех Кедев го заокружи со освојувањето на врвот Гашербрум 1 (8.080 метри) во Пакистан, во експедиција заедно со двајца алпинисти од Непал и еден од Кина.

Со ова искачување, Кедев ја комплетираше листата на сите 14 највисоки врвови на планетата, подвиг со кој може да се пофалат само мал број алпинисти ширум светот. Во својата алпинистичка кариера, тој ги освои: Еверест, К2, Канченџунга, Лхоце, Макалу, Чо Оју, Дхаулагири, Манаслу, Нанга Парбат, Анапурна, Шишапангма, Брод Пик, Гашербрум 2 и сега Гашербрум 1.

Ова е уште еден доказ за неверојатната упорност и посветеност на д-р Кедев, кој покрај врвната кариера во медицината, испиша и златна страница во македонскиот и светскиот алпинизам.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Естонките ја потврдија доминацијата, Македонија повторно поразена

Естонија уште еднаш ја потврди својата физичка и резултатска надмоќ, овојпат и на гостувањето во Штип. Во спортскиот центар „Џексон“, гостинската репрезентација ја...

ФудбалЧетврта лига

По речиси една деценија повторно локално фудбалско дерби во радовишко – Готен и Слога ќе ги одмерат силите во Подареш!

По долги години пауза, радовишкиот фудбал повторно ќе добие локално дерби! Утре, во рамките на шестото коло од Општинската фудбалска лига – Струмица,...

Поврзани написи
Останато

Министерот за спорт Борко Ристовски оддаде почит на ослободителите на Скопје

Министерот за спорт, Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!