Втора лигаФудбал

Во Штип ќе се решава за прво место: Брегалница на мегдан со Кожуф!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Во недела ќе се одиграат мечевите од седмата рунда на Втората лига, по што ќе следува репрезентативна пауза, која дел од второлигаши и прволигаши ќе ја искористат за одигрување на пријателски натпревари.

Дербито на колото од седмата рунда ќе се одигра во Штип, каде на Градскиот стадион ќе се соочат Брегалница и Кожуф, дерби дуел каде гостинот од Гевгелија ќе го предизвикува лидерот Брегалница во обид да го совлада среде Штип и со тоа да дојде до ситуација да застане на врвот.

Всушност ова ќе биде соочување на засега двете непоразени екипи во второлигашкото друштво. Брегалница на Трајче Сенев, кој пак е всушност поранешен тренер токму на Кожуф има скор од четири победи, две ремија и вкупно 14 бодови со гол разлика од девет постигнати погодоци и четири примени.

Кожуф низ овие шест одиграни натпревари забележа три победи и три ремија со 13 постигнати и седум примени погодоци за вкупно 12 бодови и четврто место на табелата.

Всушност Кожуф го има најефикасниот напад кој е предводен од најдобриот стрелец во лигата Дарко Грозданоски со седум погодоци.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа

За Сенев предност ќе биде што многу добро го познава Кожуф, ја знае хемијата и самата атмосферата, од друга страна предност за штипјани ќе бидат и поранешните играчи на Кожуф, кој во Гевгелија работеа со Сенев, како Бојан Иванов, Џихан Адили и Грегори Давков.

Домашниот терен и домашната публика ќе бидат предност за Брегалница, која ќе се потпира и на одличната одбрана која прими само четири погоди на шест меча, што ја прави втора најдобра одбрана после онаа на Башкими која прими само три погодоци.

  • МЕЃУСЕБНИ ДУЕЛИ НА БРЕГАЛНИЦА И КОЖУФ:

Во однос на меѓусебните дуели двете екипи се имаат соочено на 14 натпревари, од кои четири пријателски и десет во рамки на Втората лига, меѓусебни дуели од 26. септември 2017 до 23. март 2024 година кога двете екипи одиграа пријателски меч.

Брегалница доминира во меѓусебните дуели со десет победи во однос на Кожуф кој само еднаш триумфирал, а пак три средби завршиле без победник.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа

Ако и се верува на традицијата тогаш во Штип би требало да очекуваме помеѓу два и три погодоци.

Триумф за Брегалница ќе значи дека штипјани ќе останат на врвот од табелата и ќе ја продолжат мисијата за експресно враќање во Првата лига, а пак триумф за Кожуф може да значи и прво место пред репрезентативната пауза, но под услов ако Башкими и Македонија ЃП кикснат што ќе биде тешко, но како велат, фудбал, никогаш ништо не се знае.

Мечот меѓу Брегалница и Кожуф се игра на Градскиот стадион во Штип, в недела од 14 часот.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Алаѓозовски: Против Шкупи, посакуваме да ја завршиме годината во позитивен стил

Брера Струмица со четири порази во низа од последните пет средби денес во Струга против „фенерџијата“ ќе бара враќање на победата и со...

Прва лигаФудбал

Работнички во обид да спаси, што може да се спаси, во последниот есенски меч

Работнички имаше очајна есен, досега собра само седум бодови и се наоѓа на претпоследната позиција на табелата во Првата лига. Со само една...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Алаѓозовски: Против Шкупи, посакуваме да ја завршиме годината во позитивен стил

Брера Струмица со четири порази во низа од последните пет средби денес...

Прва лигаФудбал

Работнички во обид да спаси, што може да се спаси, во последниот есенски меч

Работнички имаше очајна есен, досега собра само седум бодови и се наоѓа...

Втора лигаФудбал

Што ќе донесат денешните натпревари во Виница и Големо Коњари?

Пополека доаѓа моментот за комплетирање на 15. коло на Втората лига кое...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Големо Коњари – Тетекс

„Фенерџијата“ Големо Коњари на домашен терен ќе го пречека тимот на Тетекс...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!