Ракомет

Куманово победнички во Велес, Прилеп го доби Радовиш, Охрид има пет од пет!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Вечерва во рамки на 5. коло од ракометната Суперлига екипата на Куманово запиша триумф над Бисинов во Велес со резултат од 25:30 со одлично второ полувреме на гостинскиот тим и одличен меч на Давид Димевски кој имаше 12 погодоци за гостите. За домашниот тим Илиев и Ончев имаа по шест погодоци.

Прилеп стигна до второ сезонско славје откако со 35:24 славеше над повратникот Радовиш. За прилепчани ова беше важна победа во трката за место во плеј-офот, со што сега имаат пет бодови на своето конто, а пак Радовиш останува без бодови на дното од табелата.

Илиевски со осум погодоци го водеше до втор триумф пред својата публика, а пак Иванче Ончев имаше седум погодоци кај Радовиш.

Охрид има пет од пет откако славеше со превисоки 17:31 над Струга во Езерското дерби. Ловро Јотиќ дебитираше за Охрид, а најдобар стрелец беше Ојлески со девет погодоци, кај домашниот тим Пајкоски со четири погодоци беше најдобар.

Еурофарм Пелистер се врати на победничките патеки по поразот од Вардар од претходното коло откако со 30:21 славеше над Пролет на домашен терен.

Цветан Кузманоски со шест и Филип Кузмановски со пет погодоци беа најдобри кај шампионот, а пак Димковски со шест гола беше најдобар кај Пролет.

Вардар потешко од очекуваното го доби Бутел со 27:30 каде победникот се решаваше во финишот од мечот. Во финишот од мечот Вардар направи разлика од седум погодоци која беше клучна за да го добие мечот.

Колото ќе се комплетира утре со мечот во Кавадарци меѓу Тиквеш и Алкалоид.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid Winter Cup 2026. Клубот во Охрид доаѓа со силна генерација фудбалери...

Останато

Наковски Волеј со кам-бек го задржа статусот на непоразен тим во Првата лига жени

Екипата на Наковски Волеј останува единствената непоразена по четири кола во новата сезона од Првата лига жени, откако во дербито од четвртото коло...

Поврзани написи
Ракомет

Време е за големо дерби: Вардар Неготино со најдобар напад и најдобра одбрана против Радовиш

Дерби пресметка на два поранешни суперлигаши – Вардар Неготино против Радовиш во...

РакометФудбал

(ФОТО) Ајдуци реагираат: Вчера Астраион, денес Тиверија, струмичка спортска мизерија

Навивачката група „Ајдуци“ од Струмица, на натпреварот од 6. коло на кошаркарската...

Ракомет

Големото ракометно дерби меѓу Вардар и Алкалоид ќе се игра во друга сала!

Големото скопско ракометно дерби меѓу Вардар и Алкалоид, во рамките на 10....

Ракомет

Дербито меѓу Вардар и Алкалоид во малата сала на „Јане Сандански“

Вардар 1961 и Алкалоид ќе го одиграат дербито од 10. коло во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!