ИнтернационалциФудбал

Ѓоко Хаџиевски се враќа во бугарскиот фудбал, нов тренер на Спартак Варна!

Сподели
Сподели

Македонскиот фудбалски стратег Ѓоко Хаџиевски е новиот шеф на стручниот штаб на бугарскиот Спартак Варна. Искуствениот 70-годишен тренер ќе го наследи Николај Киров, кој неодамна го презеде водството на Ботев Пловдив.

Хаџиевски има богата и разновидна тренерска кариера што трае речиси четири децении, со ангажмани во неколку земји и на различни континенти. Познат е по својот тактички пристап, дисциплина и способност да работи во различни услови и фудбалски средини.

Ова не е негово прво искуство во бугарскиот фудбал. Уште во сезоната 1993/94 го водеше гигантот ЦСКА Софија, додека во 2006 година повторно се врати во Бугарија, како тренер на Вихрен Сандански. И како играч и како тренер има доста искуство во фудбалот во и надвор од Македонија.

Неговиот последен ангажман беше во Саудиска Арабија во сезоната 2023/24, а низ својата долга тренерска кариера стои зад кормилото на многу клубови како Пелистер, Вардар, Беласица, Војводина (Србија), Баку (Азербејџан), Касторија и Атромитос (Грција), Докса (Кипар), Хата, Хаџер, Наџран како и селектор на македонската репрезентација.

Со своето искуство и авторитет, Хаџиевски ќе се обиде да донесе стабилност и резултати во редовите на Спартак Варна, клуб кој има амбиции за повисок пласман и враќање на старите сјајни денови.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Кичевски Напредок убедливо ја стартуваше новата сезона – висок триумф над Демир Хисар

Напредок со висока победа од 4:1 преку пресврт над Демир Хисар ја отвори новата сезона во Трета лига Регион 5, со што стартуваше...

Трета лигаФудбал

ВИДЕО: ГФК Победа пред полни трибини тргна со „шестка“, Вардар Неготино доживеа дебакл од Бучин, радост во Пепелиште

Новата сезона во Трета лига – Регион 4 стартуваше со четири натпревари кои беа одиграни вчера, а на кои беа постигнати фантастични 25...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

ФОТО: Пчиња победнички ја отвори сезоната, Речица и Победа од Тромеѓа ги поделија бодовите

Со два натпревари започна новата сезона во Трета лига Регион 2, сезоната...

Прва лигаФудбал

Вардар испушти победа во Куманово: Башкими се врати во финишот за 3-3

Актуелниот македонски шампион Вардар пропушти голема можност да стигне до нова победа...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!