Втора лигаФудбал

Марио Наумоски е нов играч на ФК Беласица!

Сподели
ФОТО: ФК Беласица
Сподели

Беласица активно се подготвува за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, каде што ќе атакува на висок пласман со цел враќање во елитата. Раководството на клубот веќе почна со засилувања, а едно од најзначајните имиња кои пристигнаа во Струмица е Марио Наумоски – фудбалер со искуство.

Трансфер кој Спортска Мрежа прва го најави пред неколку дена.

Наумоски, кој е роден во 2000 година, настапува како играч од средниот ред и е со одлична техничка подготвеност, преглед на играта и способност да го контролира ритамот на играта. Во Беласица доаѓа од редовите на Македонија Ѓорче Петров, а претходно беше дел од прилепска Победа, Брегалница, Пелистер.

Од него се очекува да биде еден од клучните играчи во ростерот на струмичани, особено во организацијата на играта во средниот ред.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!