Турнири

Елдин Казиоски и Насер Докo со индивидуални признанија на турнирот во Лабуништа

Сподели
Сподели

По завршувањето на возбудливото финале на Меморијалниот турнир во мал фудбал во Лабуништа, покрај екипните пласмани, беа доделени и индивидуалните признанија за најдобрите поединци на турнирот, кои со своите настапи оставија силен впечаток кај љубителите на футсалот.

Најдобар голман на турнирот е Елдин Казиоски од екипата на Бербер Шоп Мухаммед. Со низа блескави интервенции и стабилност во текот на сите натпревари, Елдин беше клучен играч за својата екипа која го освои третото место и покажа дека токму на голот се добиваат и најтешките битки.

Најдобар голгетер е Насер Доко од редовите на ИВЗ Струга. Со голема прецизност, чувство за простор и гол, Доко беше вистински кошмар за противничките одбрани и успеа да заврши како водечки стрелец на турнирот, иако неговата екипа беше елиминирана во четвртфиналето.

🥇 Победник на турнирот: Бинај

Во финалниот натпревар одигран на 30 јуни, Бинај и Кафе Бар Лавадо одиграа реми 1:1, но поради напуштање на теренот од страна на Лавадо 36 секунди пред крајот, трофејот заслужено заврши во рацете на Бинај.

Турнирот, организиран во чест на Башким Салкоски, Шериф Сефиданоски и Беким Бајрамоски, во организација на Шабан Кормакоски, уште еднаш ја потврди својата важност како спортско-социјален настан кој ја обединува Лабуништа и околината.

Спортска Мрежа беше медиумски покровител на целосниот турнир и со гордост ги следеше сите натпревари, резултати и настани. Се гледаме повторно следната година – со уште повеќе спорт, страст и публика.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид Лихнидос влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен кандидат за првото место пред зимската пауза. Со 28 бода...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој треба да се одиграат на 25 март 2027 година. Ждрепката посака...

Поврзани написи
Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid...

Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

Турнири

(ФОТО) Power Team го освои првиот Меморијален турнир „Горан Трајчев“ во Кратово

Екипата на Power Team е победник на првиот Меморијален турнир во мал...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!