Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) Ново поглавје за Тиквеш: Германски инвеститор и амбициозни планови за иднината

Сподели
Сподели

Градскиот фудбалски клуб Тиквеш 1930 од Кавадарци денеска го означи официјалниот старт на подготовките за сезоната 2025/26 со првиот прес по преземањето од страна на германскиот инвеститор Осман Таш. На настанот, заедно со градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, и претставници на Општината, беа најавени нови амбициозни проекти кои треба да го подигнат клубот на повисоко професионално ниво.

Инвеститорот Осман Таш истакна дека неговата визија е јасна – модернизација на тренажниот процес, професионален однос кон фудбалерите и силен фокус на младинската школа. Главната цел е клубот да се издигне до стабилен прволигаш со европски амбиции.

Како дел од новиот проект, најавено е и отворање на фан-шоп во центарот на Кавадарци, во соработка со верните навивачи Лозари – Исток, што ќе придонесе за уште поголема поврзаност на клубот со локалната заедница.

Претседателот на клубот, Миле Масларков, изрази задоволство од завршените повеќемесечни преговори со инвеститорот и посочи дека новото партнерство ќе донесе стабилност и напредок.

Нов директор на клубот е Емир Шабани, кој најави проширување на играчкиот кадар со нови имиња, вклучително и меѓународни засилувања, со цел Тиквеш да биде конкурентен во секој натпревар.

Подготовките започнуваат денес (3 јули) на Градскиот стадион во Кавадарци, а тимот ќе продолжи со интензивна работа на подготовки во Турција од 15 до 25 јули.

Со нови сили, поддршка и амбиција, Тиквеш влегува во новата сезона со цел да се врати таму каде што припаѓа – на врвот на македонскиот фудбал.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Силекс и Брегалница со поделба на бодовите во Кратово: 2-2 по пресвртот на штипјани

0Силекс и Брегалница одиграа динамичен и резултатски неизвесен натпревар во Кратово, кој по 90 минути заврши со поделба на бодовите – 2-2. И...

Ракомет

Костов блесна против шампионот: 15 гола од 15 обиди за охриѓанецот!

Охриѓанецот Наум Костов одигра натпревар за паметење во дресот на Куманово и со неверојатна реализација се најде во центарот на вниманието во второто...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Силекс и Брегалница со поделба на бодовите во Кратово: 2-2 по пресвртот на штипјани

0Силекс и Брегалница одиграа динамичен и резултатски неизвесен натпревар во Кратово, кој...

Втора лигаФудбал

Меч под рефлектори во Струмица: Беласица и Тетекс вечерва во битка за три бода

Петтото коло од Втората македонска фудбалска лига носи натпревар под рефлектори. Во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!