Ракомет

МРК Куманово го зацврстува ростерот: Димевски, Михајловски и Трајковски остануваат во тимот

Сподели
Сподели

МРК Куманово активно ја гради екипата за новата сезона во ракометната Суперлига, а трите најнови договори се јасен показател дека клубот се потпира на младите и талентирани ракометари кои веќе ја оправдаа довербата на стручниот штаб.

Давид Димевски, младинскиот репрезентативец на Македонија, веднаш по завршувањето на Светското првенство за младинци во Полска, стави потпис на нов едногодишен договор со својот матичен клуб, со можност истиот да биде продолжен за уште една сезона. Плејмејкерот, кој беше еден од носителите на играта во минатата сезона, изрази огромно задоволство од продолжената соработка, посочувајќи дека е мотивиран да го води клубот до повисок пласман и евентуален излез во Европа.

„Една од моите големи желби е да настапувам во дресот кој го претставува мојот роден град. Верувам дека оваа сезона ќе се бориме за место меѓу најдобрите шест“, изјави Димевски.

Покрај него, клубот ја потврди и продолжената соработка со голманот Христијан Михајловски, кој и натаму ќе биде дел од голманската ротација на МРК Куманово. Михајловски, кој својата кариера ја започна во младинските категории на Вардар и Скопје, беше дел и од кадетската репрезентација на Македонија, а за клубот вели:

„Во ниту еден момент не размислував за друга опција. Ќе дадеме максимум за подобри резултати од лани.“

Последен во низата продолжувања е младиот голман Григор Трајковски, кој минатата сезона пристигна како позајмен играч од РК Алкалоид. По одличната полусезона, клубот реши да го задржи и официјализираше нов едногодишен договор, со можност за продолжување. Трајковски, кој е производ на кумановската ракометна школа, со гордост го носи дресот на својот роден град.

„Голема чест е да ги браниш боите на тимот од градот каде што си роден. Верувам во тимот, стручниот штаб и во успех оваа сезона“, порача Трајковски.

Со овие потези, МРК Куманово не само што обезбедува континуитет, туку покажува и силна ориентација кон развој на сопствени играчи и стабилна основа за градење конкурентен тим во македонската ракометна Суперлига.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Работнички возврати со стил: Финалето израмнето на 1-1 по триумф над Наковски Волеј во Скопје

Одбојкарките на ОК Работнички Скопје остварија исклучително важна победа во вториот натпревар од финалната плеј-оф серија, откако пред домашната публика во СЦ „Борис...

Ракомет

Од училниците до трибините: гимназијалците со силна поддршка за ГРК Охрид пред европскиот предизвик

Охрид живее за ракометот, а тоа најдобро го потврдува поддршката која пристигнува од најмладите. Учениците и професорите од ОСУ „Св. Климент Охридски“ испратија...

Поврзани написи
Ракомет

Од училниците до трибините: гимназијалците со силна поддршка за ГРК Охрид пред европскиот предизвик

Охрид живее за ракометот, а тоа најдобро го потврдува поддршката која пристигнува...

Ракомет

Еурофарм Пелистер 2 доминантен во Радовиш, Пролет сигурен во Струга

Во рамките на плеј-аут фазата од ракометната Суперлига беа одиграни два натпревари,...

Ракомет

„Ќе биде тежок меч, но веруваме во успех!“ – Охрид подготвен за предизвикот!

Охрид е пред уште еден голем европски предизвик, натпревар што носи тежина,...

РакометРакометна репрезентација

Лазаров пресече: Објавен поширокиот список за дуелот со Словачка

Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, го соопшти поширокиот список...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!