Прва лигаФудбал

Работнички и Силекс ќе одиграат пријателски натпревар со ВАР технологија!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа, забрането превземање!
Сподели

Работнички и Силекс повторно ќе се сретнат на пријателски натпревар во рамки на летните подготовки, при што овој дуел ќе донесе значаен новитет. За првпат на контролен меч меѓу македонски клубови ќе се користи ВАР технологијата.

Натпреварот е закажан за Среда (2 јули), со почеток во 18:30 часот, и ќе се одигра на тренинг-комплексот на Фудбалската федерација на Македонија. Ова ќе биде трет контролен натпревар помеѓу двата тима во краток период, по претходните две средби кои завршија без победник  0:0 и 1:1.

И Работнички и Силекс се активно подготвуваат за настапите во квалификациите за Конференциската лига, па ваквите пријателски натпревари се од голема важност за тестирање на формата пред европските предизвици.

Имплементацијата на ВАР технологијата на оваа средба претставува чекор напред во модернизацијата на фудбалската инфраструктура и судиските услови во Македонија. Натпреварот ќе биде искористен и како практична вежба за ВАР тимот, со цел подобра подготовка за официјалните средби каде системот ќе биде задолжителен.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година поразена во Нови Сад од Србија

Младата репрезентација на Македонија до 21 година претрпе пораз од Србија, 2:0 во пријателскиот натпревар одигран во Нови Сад. Избраниците на Александар Таневски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!