Турнири

ВИДЕО: Одлична атмосфера на „Некст Левел 2025“ во Охрид!

Сподели
Сподели

Вистински фудбалски празник владее денес на спортските терени на СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид, каде продолжуваат натпреварите од меѓународниот турнир во мал фудбал „Некст Левел 2025“.

Со голема енергија, фер-плеј и борбеност, младите фудбалски надежи од Македонија, Србија, Црна Гора, Романија и Турција ги одмеруваат силите во категориите У-14 и У-15, носејќи радост и возбудливи моменти и за публиката и за тренерите.

Турнирот продолжува со динамично темпо, а секој натпревар носи нови херои и нови приказни од теренот.

Спортска Мрежа и годинава е медиумски покровител на настанот и ќе ги пренесува сите клучни моменти, фотографии, видеа и изјави, како и целосната церемонија на доделување на наградите.

Следете нè и останете во тек со сè што се случува на „Некст Левел 2025“ – фудбалската иднина е тука!

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

OHRID WOMEN’S CUP со отворена можност за секое девојче – не е потребно да биде дел од клуб!

Охрид на 5 и 6 септември ќе биде домаќин на првото издание на OHRID WOMEN’S CUP, нов меѓународен турнир во женски фудбал, кој...

Ракомет

ФОТО: Сигурна победа за Тримо Требње над Нексе Нашице на турнирот во Охрид

Тримо Требње со триумф на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид откако го доби Нексе Нашице со резултат со 26:21. Словенечкиот тим до...

Поврзани написи
Турнири

Отворени пријавите за Ohrid Winter Cup – четири дена фудбал, дружење и натпревари на „Билјанини Извори“

Охрид во декември ќе биде домаќин на уште еден голем младински фудбалски...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!