Турнири

Започна „Некст Левел 2025“ во Охрид за генерација 2010 и 2011

Сподели
Сподели

Меѓународниот турнир во мал фудбал „Некст Левел 2025“ вчера официјално беше отворен во Охрид со свечено крстарење на брод по Охридското Езеро, каде младите фудбалски надежи од неколку држави уживаа во прекрасно дружење и спортски дух.

По отворањето, беа одиграни и првите два натпревари од генерацијата 2011 (У-14):

Караорман 1:0 ГФК Охрид

Стрелец: Климент Блажески

Ла Масиа 1:1 Македонија ЃП

Стрелци: Виктор Трајчевски / Емир Шаќир

На турнирот ќе учествуваат 15 екипи од Македонија, Србија, Црна Гора, Романија и Турција. Натпреварите се играат на терените на СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид.

Во генерацијата 2010 (У-15), шест екипи се поделени во две групи:

Група А:

Нуртепе (Турција)

Некст Левел (Охрид)

Струга Трим Лум (Струга)

Група Б:

Омладинац (Србија)

Јанг Тим (Струга)

Андријевица (Црна Гора)

Во генерацијата 2011 (У-14) настапуваат девет екипи, исто така поделени во две групи:

Група А:

Гирода (Романија)

Караорман (Струга)

ГФК Охрид (Охрид)

Ла Масиа (Охрид)

Македонија ЃП (Скопје)

Група Б:

Некст Левел (Охрид)

Јанг Тим (Струга)

ССК (Скопје)

Кичево (Кичево)

Спортска Мрежа и оваа година е медиумски покровител на турнирот, продолжувајќи ја успешната соработка со „Некст Левел“. Ќе ги следиме сите натпревари, ќе пренесуваме изјави, фотографии, видеа и најдобрите моменти од терените, а ќе ја покриеме и свечената церемонија на доделување на наградите.

Денес продолжуваат возбудувањата – следете нè за најновите резултати.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Струга Трим Лум со ново офанзивно засилување од Нигерија

Прволигашот Струга Трим Лум продолжува со засилувањето на тимот, а најново име во составот е 20-годишниот Даниел Акинлосоту од Нигерија. Станува збор за...

Кошарка

КК Соколи 1933 стартуваа со подготовките за новата кошаркарска сезона

Кошаркарскиот клуб Соколи 1933 вчера го одржа првиот тренинг под водство на новиот тренер Марјан Србиновски, со што официјално ги започна подготовките за...

Поврзани написи
Турнири

Отворени пријавите за Ohrid Winter Cup – четири дена фудбал, дружење и натпревари на „Билјанини Извори“

Охрид во декември ќе биде домаќин на уште еден голем младински фудбалски...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!