Втора женска фудбалска лигаФудбал

Теодора Јанковска е најдобар стрелец, Салихи сега е втора, Наумовска има седум погодоци

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

По три одиграни кола во Втората женска фудбалска лига најдобар стрелец е Теодора Јанквоска која настапува за Вардар, со постигнати десет погодоци.

На второто место сега е Афродита Салихи која настапува за Кочани. Некогашната репрезентативка беше најдобар стрелец до претходното коло, но откако Јанквоска постигна седум погодоци во третата рунда изби на врвот на листата на најдобрите стрелци.

Мила Наумовска исто така од Вардар е трета на листата на стрелци со седум погодоци, а пак Ангела Стојковска од Кочани има пет погодоци.

По четири погодоци имаат Јована Ѓорѓиоска Блажеска која настапува за Порече, како и Марија Јулчовска, која настапува за Билјанини Извори.

По два погодоци имаат Александра Алексиеска и Марија Давческа од Билјанини Извори, како и Миа Закев од Вардар.

Елеонора Митреска од Билјанини Извори и Александра Пешова од Борец си имаат постигнато автоголови.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Силекс му се доближува на бод со победа, Вардар во Кратово може да ја намали разликата до врвот

Силекс освои 11 од своите 17 бода во Кратово. В сабота, 7 ноември од 13 часот, таму го пречекува Вардар, кој има 21...

ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе се одигра дербито на 4. коло на Втората футсал лига меѓу...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе...

Прва лигаФудбал

Вареловски: Ќе дадеме се од себе трите бода да останат во Кавадарци

Тиквеш продолжува со одличните настапи во Првата македонска фудбалска лига, а амбициите...

Прва лигаФудбал

Варадиновски бара ново изненадување, Скопје на испит кај Тиквеш

Фудбалерите на Скопје во минатото коло успеаја да го изненадат Силекс, ремизирајќи...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!