Прва лигаФудбал

ВИДЕО: Брера го среди Пелистер, Шкендија го декласираше Вардар и изби на врвот во Првата лига!

Сподели
ФОТО: KF Shkëndija
Сподели

Немаше ниту „Д“ од дерби во Тетово откако Шкендија со 4:0 го декласираше Вардар. За тетовци ова е голема победа и ја продолжуваат доминацијата во меѓусебните дуели, воедно и го превземаа одново врвот од табелата. Александер Трумчи по само три минута погоди за 1:0 и водство на Шкендија. Бесарт Ибраими во 13. минута ја стресе мрежата на Вардар за 2:0, а веќе во 27. минута Гачевски капитулираше по третпат, откако Валон Ахмеди постигна гол за 3:0 на полувреме.

Во вториот дел Флорент Рамадани постигна гол и ги постави конечните 4:0, со што Шкендија испиша уште една висока победа над Вардар, трите бодови останаа во Тетово, па со ваков резултат Шкендија одново е лидер во Првата лига.

  • НАЈДОБРИТЕ МОМЕНТИ ОД МЕЧОТ ШКЕНДИЈА – ВАРДАР ПРЕКУ Sporti Sot: 

Беса со минимални 1:0 славеше над Воска Спорт, со голот на Ремзифаик Селмани, кој погоди во 11. минута од мечот кој се играше на Градскиот стадион во Гостивар.

Работнички ја доби градската пресметка со Шкупи на Националната арена „Тодор Проески“ со 2:1 со што „романтичарите“ остануваат непоразени во новата сезона.

Али Регхба во 38. минута погоди за 1:0 на полувреме, а на стартот од вториот дел Мичал Пинтер си постигна автогол за 2:0. Во 77. минута Стојановски ги постави конечните 2:1.

Шампионот Струга влегува во резултатска криза откако на последните четири натпревари има порази и три ремија. Кехинде постигна гол за водство на домаќинот од 1:0, а во 35. минута Огзухан постигна гол за 1:1. Во финишот на првиот дел Хазмиќ си постигна автогол за 2:1 на полувреме.

Во вториот дел Симоновски постигна гол за конечни 2:2. Ваквиот резултат предизвика многу жолти картони и црвени картони во стручните штабови на двете екипи.

Брера Струмица со 4:0 славеше висока победа над повратникот Пелистер, во меч каде битолчани уште од 18. минута остана без играч помалку на теренот, откако Александар Ристевски заработи црвен картон. Марјан Ристовски во судиското надополнување на првиот дел погоди за 1:0 на полувреме.

Во второто полуреме Јанкулов постигна гол за 2:0, а потоа Ивковиќ и Тодоровски за конечни 4:0.

Откако беше суспендиран теренот во Кавадарци, екипата на Тиквеш како домаќин против Силекс играше на Градскиот стадион во Кичево, каде двете екипи ремизираа без голови 0:0.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Силекс му се доближува на бод со победа, Вардар во Кратово може да ја намали разликата до врвот

Силекс освои 11 од своите 17 бода во Кратово. В сабота, 7 ноември од 13 часот, таму го пречекува Вардар, кој има 21...

ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе се одигра дербито на 4. коло на Втората футсал лига меѓу...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе...

Прва лигаФудбал

Вареловски: Ќе дадеме се од себе трите бода да останат во Кавадарци

Тиквеш продолжува со одличните настапи во Првата македонска фудбалска лига, а амбициите...

Прва лигаФудбал

Варадиновски бара ново изненадување, Скопје на испит кај Тиквеш

Фудбалерите на Скопје во минатото коло успеаја да го изненадат Силекс, ремизирајќи...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!