Турнири

ВИДЕО: Фенербахче пресилен во големото финале, доминација без конкуренција на „Црнилиште Куп 2025 – освоен шампионскиот пехар!

Сподели
Сподели

Екипата на Фенербахче покажа апсолутна надмоќ и безмилосна игра во големото финале на турнирот во мал фудбал Црнилиште Куп 2025, освојувајќи ја титулата на импресивен начин.

Во финалниот натпревар одигран вечерва, Фенербахче ја декласираше екипата на Роденденски Пињати со убедливи 4-0, демонстрирајќи моќ, контрола и врвен квалитет од првата до последната минута. Пињати влегоа со надежи, но беа целосно надиграни од супериорниот состав на Фенербахче, кој не им остави ниту промил шанса за изненадување.

Тимот на Фенербахче доминираше низ целиот турнир, оставајќи зад себе силни противници и покажувајќи дека оваа година титулата им припаѓа со целосно заслужена игра.

Технички прецизни, тактички зрели и физички подготвени – ова беше турнир во кој немаа конкуренција.

Пред финалето, беше одигран и натпреварот за третото место, каде Ozan Ajaz со победа од 2-0 над Zgjimi Kompani го обезбеди бронзениот пиедестал и заврши турнирот со чест и добар настап.

Црнилиште Куп 2025 заврши со спектакуларна вечер, исполнета со емоции, навивачи и футсал за паметење. Турнирот и оваа година го потврди своето место како едно од најголемите спортски случувања во регионот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup,...

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid...

Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!