Турнири

Фудбалски викенд во Богданци – ќе се игра „Football Summer MINI CUP“ со екипи од цела Македонија!

Сподели
Сподели

Овој викенд во Богданци ќе се одржи првото издание на „Football Summer MINI CUP“.

Овој турнир е наменет за деца родени од 2013 до 2018 година, а натпреварите ќе се игра на Градскиот стадион во Богданци.

Во генерација 2013 ќе има две групи по три екипи. Во група А се екипите на Дрим Тим, Вардарски, Осогово од Кочани, а во групата Б се екипи на Џокер, Фортуна и Брегалница.

Во генерација 2014 ќе настапат седум екипи, во групата А се четири екипи односно Албион, Џокер, Брегалница и Јанг Бојс, а пак во групата Б се екипите на Вардарски, Кожуф и Осогово.

Генерација 2015 е застапена со една група од шест екипи, а тоа се Дрим Тим, Фортуна, Вардарски, Џокер и Џокер 2.

Во Генерација 2016 се две групи со по три екипи. Во групата А се екипите на Јанг Бојс, Вардарски, Брера 1, а пак во групата Б се Џокер, Албион и Брера 2.

Две групи со по три екипи има и во генерација 2017. Во групата А се екипите на Дрим Тим, Џокер и Брера, додека пак во групата А се Вардарски, Дојранско Езеро и Јанг Бојс.

Во најмалата генерација, фудбалери родени во 2018 година ќе настапат четири екипи во една група.

Спортска Мрежа ќе биде медиумски покровител на овој спортски настан.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Турнири

Во тек се пријавувањата за меѓуопштинскиот турнир во мал фудбал „Ресен 2026“

Интересот за учество на традиционалниот меѓуопштински турнир во мал фудбал „Ресен 2026“...

Турнири

Јанг Тим и Овче Поле го потврдија учеството на Охрид Куп 2026

На првото издание од Охрид Куп свое учество ќе земат и екипите...

Турнири

Отворени пријавувањата за меѓуопштинскиот турнир во мал фудбал „Ресен 2026“

Љубителите на малиот фудбал и ова лето ќе имаат можност да бидат...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!