ИнтернационалциФудбал

Македонските фудбалски судии со нови задачи: Игор Стојчевски ќе суди во ЛШ, Влатко Илиоски во Конференциската лига!

Сподели
ФОТО: ФК АП Брера Струмица
Сподели

Игор Стојчевски и Влатко Илиоски ќе ја претставуваат Македонија на меѓународната сцена како главни судии на мечеви во еврокуповите.

Игор Стојчевски ќе биде главен судија на натпревар од квалификациите за Лигата на шампионите меѓу Иберија (Грузија) и Малме (Шведска), кој ќе се одигра во Тбилиси, натреварот е закажан за 8 Јули во 20:00 часот. Негови помошници ќе бидат Вјолца Изеири и Дарко Јовчевски, додека четврти судија е Фатмир Бафто.

Во Конференциската лига, Влатко Илиоски ќе ја дели правдата на дуелот помеѓу Биркиркара (Малта) и Петрокуб (Молдавија), натреварот се игра на 10 Јули во 20:00 часот во Малта. Негови помошници се Кристијан Џонов и Мартин Петковски, а четврти судија ќе биде Бенјамин Ќерими.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!