Прва лигаФудбал

ФОТО: Силекс ремизираше со Дрита од Косово во Бугарија – паднаа четири гола!

Сподели
Сподели

Македонскиот прволигаш Силекс денес се тестираше со Дрита од Косово во Банско, Бугарија, победник на мечот немаше, а беа постигнати четири погодоци, за конечни 2:2.

За македонскиот прволигаш погодоците ги постигнаа двајца дебитанти, Мартин Мирчевски од пенал и Миљан Говедарица кој беше прецизен со глава. За екипата на Дрита стрелаа Арб Мајан и Лиридон Балај.

Силекс втората фаза од подготовките ја реализира во Банско, Бугарија, а во првото квалификациско коло за Конференциската лига на УЕФА ќе се соочи со Дечиќ од Црна Гора. Првиот меч се игра во гости, а вториот дома, во Скопје.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Еурофарм Пелистер сигурен во Струга за втора суперлигашка победа

Еурофарм Пелистер стигна до вториот триумф во новата сезона од Супер лигата, откако на гостувањето кај Струга славеше со убедливи 33-25. За битолчани...

Ракомет

Тиквеш со три гола негатива пред реваншот со Еш!

Тиквеш со пораз го започна европскиот двомеч со Еш во првото коло од ЕХФ Европскиот куп. Кавадарчани загубија со 30-27, но разликата не...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

ФОТО: Пелистер го доби дербито со Охрид, ново реми на Беласица, победа за Новаци, бод за Осогово

Шестото коло на Втора лига го донесе и дербито меѓу ланските прволигаши...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Галабовска со седум гола: Тиверија Брера ја декласира Речица со 17:2

Тиверија Брера забележа убедлива победа во 6. коло од Првата македонска женска...

Трета лигаФудбал

Речица ќе ја пречека Дрита, Јехона против Лирија, Љуботен сака нови три бода

Во ист термин од 16 часот, утре ќе бидат одиграни натпреварите од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!