Турнири

Берово подготвено за „Зегин Опен 2025“ – елитен меѓународен турнир во пинг-понг!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Градот Берово повторно ќе биде центар на спортската мапа на Македонија, бидејќи од 12 до 14 септември 2025 година, во Спортскиот центар „Македонски Бранители“, ќе се одржи четвртото издание на меѓународниот турнир во пинг-понг – „Зегин Опен 2025“.

Овој престижен турнир, кој веќе станува традиција не само во источниот регион, туку во цела Македонија е во организација на ППК Зегин Берово, и очекува учество на врвни играчи од Македонија и странство.

Минатата година турнирот беше збогатен со присуството на хрватската олимпијка Ивана Малобавиќ, која важи за една од најдобрите европски пинг-понгарки. Оваа година се очекуваат уште повеќе медалисти и елитни играчи, кои ќе се борат за богат награден фонд од 18.000 евра.

Турнирот е отворен за публика, па сите љубители на тенисот на маса ќе имаат можност да уживаат во три дена исполнети со спортска страст, фер-плеј и квалитетни натпревари.

По успешната медиумска покриеност во 2024 година, Спортска Мрежа со гордост ја продолжува соработката со турнирот и оваа година, со цел да ја промовира спортската култура, младите таленти и меѓународната спортска соработка.

Во продолжение можете да ја погледнете нашата емисија за „Зегин Опен 2024“, да се потсетиме на одличната атмосфера од минатата година и заеднички да се загреваме за овогодинешното издание „Зегин Опен 2025“.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Турнири

Во тек се пријавувањата за меѓуопштинскиот турнир во мал фудбал „Ресен 2026“

Интересот за учество на традиционалниот меѓуопштински турнир во мал фудбал „Ресен 2026“...

Турнири

Јанг Тим и Овче Поле го потврдија учеството на Охрид Куп 2026

На првото издание од Охрид Куп свое учество ќе земат и екипите...

Турнири

Отворени пријавувањата за меѓуопштинскиот турнир во мал фудбал „Ресен 2026“

Љубителите на малиот фудбал и ова лето ќе имаат можност да бидат...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!