Ракомет

Охрид се засилува со искусниот Дарко Ѓукиќ 

Сподели
ФОТО: Seha League
Сподели

Српскиот ракометар, Дарко Ѓукиќ, повторно ќе биде дел од македонската Суперлига. По една сезона помината во романскиот Динамо Букурешт, искусното десно крило стави потпис на договорот со Охрид и ќе биде дел од тимот во наредните две сезони.

Ѓукиќ, кој има 30 години, има богато интернационално искуство зад себе. Првпат се појави на македонската ракометна сцена како играч на Металург, каде пристигна од српски Железничар.

Подоцна ја продолжи кариерата во клубови како Бешикташ, Киелце, Мешков Брест и Спортинг Лисабон, а од 2021 до 2024 година го носеше дресот на Вардар.

Со неговото доаѓање, Охрид јасно ја покажува сериозноста во подготовките за новата сезона.

Клубот веќе ангажираше неколку звучни имиња, меѓу кои се Давид Савревски, Бојан Блажевски, Анте Иванковиќ, Стефан Петриќ, Тилен Стрмљан, Предраг Вејин, Николаос Лапис и Ориол Реј Моралес.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Галабовска со седум гола: Тиверија Брера ја декласира Речица со 17:2

Тиверија Брера забележа убедлива победа во 6. коло од Првата македонска женска фудбалска лига, совладувајќи ја Речица со неверојатни 17:2 на домашен терен...

Ракомет

Вардар денес гостува во Богданци, Младост ќе има поддршка со полна сала

Вечерва во 18 часот во Богданци ќе се одигра натпреварот од третото коло на Супер лигата меѓу Младост и Вардар, се очекува полна...

Поврзани написи
Ракомет

Вардар денес гостува во Богданци, Младост ќе има поддршка со полна сала

Вечерва во 18 часот во Богданци ќе се одигра натпреварот од третото...

Ракомет

Костов лидер, Мате веднаш зад него: Топ 10 стрелци по две одиграни кола во Супер лигата

По две одиграни кола во новата сезона од Супер лигата, охриѓанецот- Наум...

Ракомет

Младеновски: Вардар е огромен мотив, пред домашната публика ќе дадам сè од себе

Поразот остава разочарување кај екипата на Младост, откако беше блиску до првото...

Ракомет

Дерби на Вардар Неготино и Пролет, Драчево Јуниор гостува во Радовиш, Аеродром против Овче Поле

Втората рунда од Првата ракометна лига носи четири средби кои ќе бидат...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!