Прва лигаФудбал

Шкупи го претстави германскиот голман Макс Гроте како ново засилување во новата сезона!

Сподели
ФОТО: ФК Шкупи
Сподели

Македонскиот прволигаш Шкупи го претстави своето најново засилување за претстојната натпреварувачка сезона. Иако тимот од Чаир оваа година нема да настапува на европската сцена, клубот активно го оформува ростерот со амбиција за силен настап во домашното првенство.

Нов член на Шкупи е дваесет и две годишниот германски голман Максимилијан „Макс“ Гроте, кој во Скопје пристигнува со солидно искуство од германскиот фудбал. Својата кариера ја започнал во младинските категории на Мајнц 05 и Вехен Висбаден, а сениорски настапи бележи во клубовите ФВ Енгерс 07 и Рот-Вајс Кобленц, каде има над 40 официјални меча.

Од клубот изразија задоволство од новото засилување и веруваат дека Гроте ќе донесе стабилност, сигурност и смиреност во задната линија.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!