Ракомет

Македонскиот ракомет пред историски успех – можни шест клуба во европските купови!

Сподели
ФОТО: Сања Секулоска, Спортска Мрежа | Забрането превземање!
Сподели

Македонскиот машки ракомет е на чекор до историско достигнување – дури шест клуба би можеле да ја претставуваат нашата земја во европските натпреварувања организирани од ЕХФ за сезоната 2024/25, што би било апсолутен рекорд и најуспешна сезона на меѓународната сцена досега.

Првиот сигурен учесник е Еурофарм Пелистер, кој доби вајлд-карта за Лигата на шампионите и повторно ќе настапува меѓу најдобрите европски тимови. Битолчани ја потврдија својата амбиција и квалитет, со што го добија признанието од ЕХФ.

Ова автоматски значи директен пласман за Вардар 1961 во групната фаза на Европската лига, без потреба од квалификации – уште еден сигурен европски преставник.

Третиот кандидат е РК Алкалоид, кој со освоениот ЕХФ Куп сезонава веќе се запиша во историјата на мак-ракометот. Тимот предводен од Кирил Лазаров веќе аплицираше за настап во Европската лига и се очекува позитивен одговор.

Новата можност за Алкалоид отвора врата и за ГРК Охрид, кој би влегол во второто квалификациско коло на Европскиот куп – идеална шанса за клубот од Охрид да се етаблира на европската сцена.

Дополнително, клубовите Тиквеш и Бутел Скопје, кои го заокружија топ 6 во домашниот шампионат, исто така аплицираа за вајлд-карти за настап во ЕХФ Купот. Фактот што токму македонски клуб го освои трофејот сезонава, оди во нивна полза и значително им ги зголемува шансите.

Доколку сите апликации бидат прифатени од страна на ЕХФ, Македонија ќе има шест свои преставници во европските натпреварувања – најголем број досега, вложувањата и резултатите на македонскиот машки ракомет доаѓаат на виделина..

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10....

Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на...

Ракомет

Горан Кузманоски ја запиша првата победа на Кипар, Строволу броеше до 43!

Македонскиот стратег Горан Кузманоски стигна до првата победа во кипарскиот шампионат со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!