Останато

Историски настап на македонската атлетика: Рекорди, медали и најдобар пласман во Марибор!

Сподели
ФОТО: Атлетска федерација на Македонија
Сподели

Македонската атлетска репрезентација испиша златна страница во својата историја на Европското тимско првенство – Трета лига, кое викендов се одржа во Марибор, Словенија. Со вкупно 270.5 освоени бодови, нашите атлетичари го обезбедија највисокиот пласман досега — осмо место, надминувајќи ги сите очекувања со борбеност, дисциплина и одлична форма.

Првиот натпреварувачки ден беше одбележан со низа блескави настапи:

  • Андреас Трајковски победи во скок во далечина со извонредни 7.83 метри,
  • Дарио Ивановски беше најбрз на 5000 метри, завршувајќи со време од 14:04.06,
  • Миљана Ристиќ постави нов национален рекорд на 3000 метри стиплчес со резултат од 11:49.49,
  • Брајан Авиа освои бронзен медал во скок во височина, поставувајќи личен рекорд од 2.06 метри,
  • Штафетата 4×100 метри (Трајковски, Алексовски, Петров, Стојоски) освои сребро и собори државен рекорд со време од 40.89 секунди.

Вториот ден донесе уште поголеми успеси:

  • Огнен Стефановски испиша историја во скок со стап, станувајќи првиот македонски атлетичар што прескокнал 4 метри. Со скок од 4.05 метри тој го собори рекордот стар 57 години,
  • Теа Алексовска постави нов младински рекорд во фрлање кладиво со резултат од 38.74 метри.

Вкупно беа соборени четири национални рекорди, десетици лични остварувања, а настапот ја испрати јасната порака дека македонската атлетика живее, напредува и создава иднина. Со посветеност, стратегија и тимски дух, нашата репрезентација се позиционира меѓу најперспективните во Европа.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Лина Ѓорческа елиминирана во првото коло на ВТА 125 турнирот во Лисабон

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја мине првата пречка на ВТА 125 турнирот во португалскиот град Лисабон, откако во првото коло...

Прва лигаФудбал

Вардар е во најдобра форма во Првата лига, Шкендија не блеска во последните пет кола!

Трката за врвот во Првата лига се „разгорува“ иако Шкендија е на врвот, има само плус три бода од Струга Трим Лум и...

Поврзани написи
Останато

Лина Ѓорческа елиминирана во првото коло на ВТА 125 турнирот во Лисабон

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја мине првата пречка на...

Останато

Марко Топузовски со бронза од Светските игри во кинеско борење во Италија

Македонскиот борач Марко Топузовски освои бронзен медал на Светските игри во кинеско...

Останато

Сара Митевска го освои турнирот Ј100 Аридеа во Грција

Македонската тенисерка Сара Митевска (16 години) оствари одличен успех, освојувајќи го меѓународниот...

Останато

ФОТО: Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија, откако славеше убедливо над Вардар ЕМ

Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија откако славеше...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!