ИнтернационалциФудбал

Марко Ѓорѓиевски со дебитантски гол за Клуж за победа над Слован Братислава!

Сподели
Сподели

Македонскиот фудбалер Марко Ѓорѓиевски имаше одличен настап на своето деби за романскиот прволигаш Клуж, постигнувајќи гол на пријателскиот натпревар против Слован Братислава, кој заврши со победа од 4-2 за неговиот тим.

Клуж го отвори резултатот уште во 11. минута преку Постолачи, но Слован успеа да израмни на 1-1 со погодок на Толиќ. Романскиот тим брзо ја врати предноста, Паун погоди за 2-1, а потоа Постолачи со својот втор гол ја зголеми разликата на 3-1 пред крајот на првото полувреме.

Во второто полувреме, Слован намали на 3-2 преку Стрелец кој реализираше пенал, но во самиот финиш на натпреварот, Ѓорѓиевски стави печат на победата. Во 92. минута го постигна својот прв погодок во дресот на Клуж и го заокружи својот одличен прв настап.

Одличен старт за младиот македонски интернационалец, кој најави дека ќе биде сериозно засилување за Клуж во новата сезона.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!