ИнтернационалциФудбал

Југослав Тренчовски e нов тренер на Радомље!

Сподели
Сподели

Словенечкиот прволигаш Радомље го потврди ангажманот на македонскиот фудбалски стручњак Југослав Тренчовски, кој од денеска е нов предводник на првиот тим. Искусниот 48-годишен тренер ќе ја води екипата во новата сезона со јасна визија и амбиции усогласени со стратегијата на клубот.

Тренчовски зад себе има богато тренерско искуство стекнато во Македонија, како и во странство. Тој важи за експерт во работа со млади фудбалери и се препознава по современиот пристап и фокусот на развој на индивидуалниот и тимскиот потенцијал.

„Радомље го следам последниве три години. Добро ми е познат проектот, идејата и насоката во која се движи клубот. Тука постои јасна цел за развој на млади играчи, за нивна афирмација и градење на квалитетни кариери – нешто што совршено се совпаѓа со мојата тренерска кариера“ , изјави Тренчовски.

Клубот изрази очекување дека со ангажманот на Тренчовски добива лидер кој може да обезбеди стабилност, континуитет и дополнителен квалитет во играта. Очекувањата се дека новиот стратег ќе придонесе за позитивен резултатски напредок и целосно ќе го оживее потенцијалот на младиот ростер.

Тренчовски во Радомље доаѓа од Кувајт, а во својата кариера ги предводеше клубовите Беласица, Хоризонт Турново, Кожуф и Брера. Беше и спортски директор во Академија Пандев, како и селектор на македонската репрезентација до 19 години.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Димовски пред европскиот двомеч: „Ние ќе го оставиме срцето на теренот, а од трибините нека грми цело Кавадарци!“

Ракометарите на Тиквеш се подготвуваат за европскиот предизвик против Handball Esch од Луксембург во рамки на првото коло од ЕХФ Европскиот Куп. Кавадарчани...

Ракомет

Симиќ пред европскиот двомеч: „Во Кавадарци, во нашата сала и пред ‘Лозари’, ние се прашуваме за сè!“

Ракометарите на Тиквеш го продолжуваат европскиот пат со двомеч против Handball Esch од Луксембург во првото коло од ЕХФ Европскиот Куп. Кавадарчани ќе...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

КМФ Проект отвора нова страница: Македонскиот шампион останува верен на концептот со млади играчи

КМФ Проект влегува во новата натпреварувачка сезона со јасна визија – продолжување...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Осум екипи во новата сезона на Втората женска лига, дури четири дебитанти и еден повратник

Новата сезона во Втората македонска женска фудбалска лига ќе донесе изменет состав...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!